User Manual

171
(10) Неупотребливост или оштетување на Производот предизвикано од
контаминација со опасни супстанци, болести, штетници или радијација.
(11) Измама, кражба, неразјаснето исчезнување, или оштетувања / штетни
околности предизвикани со намерно дејствување на корисникот.
(12) Оштетување на Производот што произлегува од копање криптовалути
или слични активности, освен ако моделот не е специјално дизајниран за
копање.
(13) Ако единицата за напојување е изменета или користена во невообичаена
амбиентална средина или на кој било друг начин што е надвор од границите
на тековните ATX спецификации на Intel - вклучувајќи ги и условите за
ладење, конфигурација на конекторот и релевантните спецификации за
електрично време и време на сигналот, гаранцијата може да биде поништена.
6. Ограничување на одговорноста
Освен како што е предвидено во оваа гаранција и до најголемата мера дозволена
со закон, ASUS не сноси одговорност за директни, посебни, ненамерни или
консеквентни оштетувања поради какво било прекршување на гаранцијата
или условите, или согласно која било друга правна теорија, вклучително, но
не ограничувајќи се на неупотреба; загуба на приходи; загуба на тековна или
очекувана добивка (вклучително и загуба на добивка од договори); некористење
пари; загуба на очекувани заштеди; загуба на дејност; загуба на можност, загуба
на добра волја; загуба на углед; загуба на податоци и нивно оштетување или
расипување; или какви било предизвикани индиректни или консеквентни загуби
или оштетувања и замена на опрема и имот, какви било трошоци за враќање или
репродуцирање на кои било податоци зачувани на Производот или користени
со истиот. Горенаведеното ограничување нема да важи за побарувања поради
смрт или лична повреда или за каква било законска одговорност за намерни
дејства и дејства како резултат на невнимание и/или пропусти од страна на
ASUS. Одредени јурисдикции не дозволуваат исклучување или ограничување на
ненамерни или консеквентни оштетувања; до мерата до која таквата јурисдикција
ја регулира оваа Гаранција, горенаведените ограничувања не важат за вас.