User Manual

172
7. Приватност
Неопходно е ASUS да собира, пренесува и обработува лични податоци со цел
да ја олесни бараната услуга; и дека за оваа цел вашите податоци може да се
пренесуваат и обработуваат во секоја земја во која ASUS или неговите партнерски
компании имаат застапништва, што вклучува и земји надвор од Европската
Заедница во кои применливите закони не гарантираат заштита на податоци на
ниво на Европските закони. Сепак, ASUS ќе ги користи и заштити вашите лични
податоци во секое време и во било која земја согласно со ASUS политиката за
приватност. Ве молиме пристапете до следната интернет страница каде би ја
прочитале политиката за приватност на ASUS: http://www.asus.com/Terms_of_Use_
Notice_Privacy_Policy/Privacy_Policy/.
8. Случаи вон гарантниот рок
Враќањето на Производот во сервисниот центар на ASUS во гарантниот рок
не значи автоматски дека истиот ќе се поправи бесплатно. По приемот на
Производот, ASUS го задржува правото да ја провери важноста на Гаранцијата
и Барањето за сервис во гарантниот рок. Ако Гарантниот рок изминал или ако
важат некои од исклучоците во клаузула 6, Барањето ќе се смета за барање Вон
гарантен рок („ВГР“).
Ако барањето за сервис е ВГР, ќе ви се обезбеди понуда за поправка заедно
со Список со цени за сервис, којашто може да ја прифатите или да ја одбиете.
Ако ја прифатите поправката ќе ви обезбедиме фактура за работната рака за
поправката, резервните делови и другите трошоци наведени во Списокот со цени
за сервис. Мора да ја платите фактурата во рок од 14 дена од датумот на издавање
на фактурата. Поправката ќе се изврши само откако ќе се подмири фактурата.
9. Напуштена сопственост
Откако производот ќе се поправи / замени или ако не се согласувате со понудата
за поправка, ASUS ќе го врати поправениот / заменетиот производ преку
договорениот метод на RMA (Овластување за враќање стока). Ако не го подигнете
Производот или ако не е можна испорака на адресата што сте ја обезбедиле, ASUS
ќе ви испрати известување на адресата што сте ја обезбедиле кога сте побарале
сервис. Доколку сè уште не сте го подигнале Производот во периодот од 90 дена
по испраќањето на известувањето, ASUS го задржува правото да побара надомест
на штета, вклучувајки лежарина; или да го искористи уредот во согласност со
важечките закони и регулативи и сите права на залог заради неплатени давачки.