User Manual

170
Во случај гореспоменатиот продавач да не може да ви помогне да ја добиете
гаранцијата од ASUS, посетете ја веб-страницата на сервисниот центар на ASUS на
https://www.asus.com/support/ за детални информации за контакт.
5. Исклучоци од оваа Ограничена услуга на гаранцијата
ASUS не гарантира дека Производот ќе работи непрекинато или без грешки.
Гаранцијата покрива само технички проблеми со хардверот што се јавиле во
Гарантниот Рок и во услови на нормална употреба. Тоа се однесува на проблеми
со фирмверот, но не и на кои било други софтверски проблеми или штети
предизвикани од корисникот или околности како што се, но без ограничување
на:
(1) Штета предизвикана на овој Производ(и) од вас или кое било неовластено
трето лице.
(2) Серискиот број на Производот, неговите компоненти или додатоци биле
преправани, откажани или отстранети.
(3) Застареност.
(4) Оштетување (случајно или на друг начин) на Производот кое не влијае врз
работата и функциите на Производот, како на пр., но без ограничување
на: ‘рѓа, промена на бојата, текстурата или глазурата, абење и трошење и
постепено влошување.
(5) Оштетување на Производот предизвикано од војна, тероризам, пожар,
незгода, природна непогода, намерна или случајна неправилна употреба,
злоупотреба, невнимание или несоодветно одржување и употреба во
несоодветни услови.
(6) Оштетување на Производот предизвикано од несоодветна инсталација,
поврзување или неисправност на периферен уред како печатач, оптички
уред, мрежна карта, или УСБ уред итн.
(7) Оштетување на Производот предизвикано од надворешен електричен
дефект или каква било незгода.
(8) Оштетување на Производот поради употреба вон параметрите за работа, за
складирање или околина, наведени во Прирачникот за употреба.
(9) Оштетување на Производот предизвикано од софтвер на трета страна или
вирус(и); или загуба на софтвер или податоци што може да се јави за време
на поправка или замена.