ZB452KG Упатство за корисникот
MK11071 Март 2016 година, Прво издание Грижа и безбедност Упатства Безбедноста во текот на возењето е на прво место. Силно ви препорачуваме да не го користите вашиот уред додека возите или ракувате со каков било тип возило. Овој уред треба да се користи само во околина со температури меѓу 5°C (41°F) и 35°C (95°F). Исклучете го уредот во области со ограничувања каде користењето на мобилни уреди е забрането.
Соодветно фрлање Постои ризик од експлозија доколку батеријата се замени со несоодветен тип на батерија. Фрлајте ги старите батерии според упатствата. НЕ фрлајте ја батеријата во комунален отпад. Ознаката со пречкртана корпа за ѓубре укажува дека батеријата не треба да се фрла во комунален отпад. НЕ фрлајте го овој производ во комуналниот отпад. Овој производ е дизајниран за да овозможи соодветна повторна употреба на деловите и рециклирање.
Содржина 1 Основни податоци Добредојдовте!...................................................................................................................................... 7 Подгответе го вашиот ASUS телефон!......................................................................................... 8 Вклучување за прв пат.....................................................................................................................16 Користење на екранот на допир.....................................
Облак............................................................................................................................41 ASUS WebStorage................................................................................................................................41 ASUS поддршка..........................................................................................................42 4 Секогаш достапни Повик со стил...............................................................................
Активирање на мобилна мрежа..................................................................................................73 Wi-Fi..............................................................................................................................73 Активирање Wi-Fi...............................................................................................................................73 Поврзување на Wi-Fi мрежа...............................................................................
1 Основни податоци Основни податоци 1 Добредојдовте! Истражете ја интуитивната едноставност на ASUS Zen UI 2.0! ASUS Zen UI 2.0 е шармантен и интуитивен интерфејс исклучиво за ASUS телефони. Обезбедува посебни апликации кои се интегрирани во или со други апликации за да ги исполни вашите единствени индивидуални потреби и да ви го направи животот полесен додека воедно ви овозможува да се забавувате со вашиот ASUS телефон.
Подгответе го вашиот ASUS телефон! Делови и карактеристики Зграпчете го уредот и вклучете го за миг. Аудио приклучок Копче за вклучување Микрофон Предна камера Сензор ЛЕД индикатор Блиц на камера Копче за јачина на звук Задна камера Приемник Заден капак Екран на допир Жлеб Копчиња на допир Звучник Микрофон micro USB-порта ЗАБЕЛЕШКИ: • Извадете го задниот капак за да ги видите отворите за две micro SIM-картички и за microSDкартичка.
Инсталирање micro-SIM картичка Претплатнички идентификациски микро модул (micro-SIM) картичка складира информации, како бројот на вашиот мобилен телефон, контакти, пораки и други податоци што ви овозможуваат пристап до мобилната мрежа. Вашиот ASUS телефон доаѓа со два отвора за micro-SIM картичка што ви овозможува да поставите и да користите услуги на две мобилни мрежи без да мора да носите два мобилни уреда во исто време.
Вадење на micro-SIM картичка ВНИМАНИЕ: Бидете особено внимателни кога ракувате со micro-SIM картичка. ASUS не е одговорен за никаква загуба или штета настаната на вашата micro-SIM картичка. За да извадите micro-SIM картичка: 1. Исклучете го уредот. 2. Лоцирајте го жлебот во долниот десен агол. ВНИМАНИЕ! Бидете внимателни кога го повлекувате капакот при отворање. 3. Отворете го и извадете го задниот капак. ВНИМАНИЕ! Бидете внимателни кога го повлекувате капакот при отворање.
Инсталирање мемориска картичка Вашиот ASUS телефон поддржува microSD™ и microSDHC™ мемориска картичка со капацитет до 64 GB. ЗАБЕЛЕШКА: Некои мемориски картички може да не се компатибилни со вашиот ASUS телефон. Осигурете се дека користите само компатибилни мемориски картички за да спречите загуба на податоци, оштетување на вашиот уред или мемориска картичка или и двете. ВНИМАНИЕ! • Бидете особено внимателни кога ракувате со мемориска картичка.
Вадење на мемориска картичка ВНИМАНИЕ! • Бидете особено внимателни кога ракувате со мемориска картичка. ASUS не е одговорен за никаква загуба на податоци или оштетување настанато на вашата мемориска картичка. • Правилно отстранете ја мемориската картичка за безбедно да ја извадите од уредот. За да ја отстраните мемориската картичка, одете на Home (Почеток) > All Apps (Сите апликации) > Settings (Поставки) > Storage (Склад) > Unmount external storage.(Демонтирај надворешен склад.
Полнење на телефонот ASUS Вашиот ASUS телефон доаѓа делумно наполнет, но мора целосно да го наполните пред да го употребите за прв пат. Прочитајте ги следните важни напомени и предупредувања пред да го полните уредот. ВАЖНО! • Користете го само испорачаниот адаптер за напојување со електрична енергија и micro-USB кабелот за полнење на вашиот ASUS телефон. Употреба на друг адаптер и кабел за напојување со електрична енергија може да го оштети вашиот уред.
ВАЖНО! • Кога го користите телефонот ASUS додека е поврзан со ѕиден приклучок, заземјениот приклучок мора да биде во близина на уредот и да биде лесно пристапен. • Кога го полните телефонот ASUS преку компјутерот, проверете дали micro USB-кабелот е поврзан со USB 2.0 / USB 3.0 порта на компјутерот. • Избегнувајте да го полните телефонот ASUS во околина со температура над 35oC (95oF). • Полнете го ASUS телефонот осум (8) часа, пред да го користите во батериски режим за прв пат.
Вклучување и исклучување на телефонот ASUS. Вклучување на вашиот уред За да го вклучите уредот, притиснете го и држете го копчето за напојување додека вашиот уред не почне да вибрира и не се вклучи. Исклучување на вашиот уред За да го исклучите уредот: 1. Ако екранот е исклучен, притиснете го копчето за напојување за да го вклучите. Ако вашиот екран е заклучен, отклучете го екранот на уредот. 2.
Вклучување за прв пат Кога ќе го вклучите ASUS телефонот за прв пат, Волшебникот за поставување ќе ве води низ постапката на поставување. Следете ги упатствата на екранот за да изберете јазик, начини на внесување, да ја поставите вашата мобилна мрежа и Wi-Fi, да синхронизирате сметки и да ги конфигурирате вашите локациски услуги. Користете ја вашата Google или ASUS сметка за да го поставите уредот, ако сеуште немате Google или ASUS сметка, продолжете и креирајте таква.
Совети за зачувување на батеријата Наполнетоста на батеријата е од суштинско значење за вашиот ASUS телефон. Подолу се дадени некои совети за зачувување на батеријата што ви овозможуваат зачувување на напојувањето на батеријата на вашиот ASUS телефон. – Затворете ги сите апликации што се извршуваат, а кои не се користат. – Кога не го употребувате, притиснете го копчето за напојување за да го ставите уредот во режим на спиење. 17 – Активирајте Паметно штедење во апликацијата Штедење на енергија.
Користење на екранот на допир Користете ги овие гестови на екранот на допир за да активирате апликации, да пристапите до некои поставки и да се движите низ вашиот ASUS телефон. Активирање апликации или избирање ставки Направете нешто од следново: • За да активирате апликација, едноставно допрете ја. • За да изберете ставка како на пример во апликацијата Управник на датотеки,, едноставно допрете на истата.
Движење низ страници или екрани Направете нешто од следново: • Поминете со прстот кон лево или кон десно за да менувате помеѓу екрани или да вртите во Галеријата со слики. • Лизнете со прстот нагоре или надолу за да поминувате низ веб-страниците или списоците со ставки. Зумирање Раширете ги вашите два прста на панелот на допир за да зумирате слика во Галерија или Мапи, или да зумирате на веб-страница.
Одзумирање Спојте ги вашите два прста на панелот на допир за да одзумирате слика во Галерија или Мапи, или да одзумирате на веб-страница. ЗАБЕЛЕШКА: Можеби нема да бидете во можност да зумирате/одзумирате на некои веб-страници бидејќи тие страници може да се посебно дизајнирани за да одговараат на екранот на вашиот мобилен телефон.
2 Нема друго место како дома Нема друго место како дома 2 Почетни карактеристики на Зен Почетен екран Добивајте потсетници за важни настани, апликации и ажурирање на системот, временски прогнози и текстуални пораки од луѓе кои ви се важни, непосредно од почетниот екран.
Препознавање на иконите за известување Овие икони се прикажани на статусната лента и ќе ви го покажуваат тековниот статус на вашиот ASUS телефон. Мобилна мрежа Ја покажува јачината на сигналот на вашата мобилна мрежа. 1 Micro SIM-картичка 1 Покажува дека micro SIM картичката е поставена во отворот за micro SIM картичка 1. 2 Micro SIM-картичка 2 Покажува дека micro SIM картичката е поставена во отворот за micro SIM картичка 2.
Брзи поставки Панелот Брзи поставки обезбедува пристап со еден допир до некои од безжичните карактеристики и поставки на вашиот ASUS телефон. Секоја од овие карактеристики е претставена со копче. За да се активира панелот Брзи поставки, поминете со прст надолу од горниот десен агол на вашиот ASUS телефон. ЗАБЕЛЕШКА: Сино копче укажува дека карактеристиката е тековно активирана додека сиво копче укажува дека карактеристиката е деактивирана.
Системски известувања Од системски известувања, може да ги видите најновите извршени ажурирања и промени на системот на вашиот ASUS телефон. Најголем број од овие промени се поврзани со податоците и со системот. За да се активира панелот за системски известувања, поминете со прст надолу од горниот лев агол на вашиот ASUS телефон.
Персонализирање на вашиот Почетен екран Прикажете ја вашата индивидуалност на Почетниот екран. Изберете привлечен дизајн како ваш тапет и кратенки за брз пристап до вашите омилени апликации и додадете виџети за брз преглед на важните информации. Исто така може да додадете повеќе страници за да може да додавате и брзо да пристапувате или погледнувате повеќе апликации или виџети на вашиот Почетен екран.
Групирање на брзите пристапи за апликации во папка Креирајте папки за да ги организирате брзите пристапи до вашите апликации на почетниот екран. 1. На вашиот Почетен екран, допрете и повлечете апликација на друга апликација и ќе се појави папка со автоматски назначено име. 2. Ако сакате да го смените името на папката, допрете на папката и допрете го името на папката за да назначите ново име на оваа папка.
Поставување анимиран тапет За да поставите анимиран тапет: 1. Допрете и задржете празна област на вашиот Почетен екран и изберете Тапети. 2. Изберете анимиран тапет, а потоа допрете Постави. ЗАБЕЛЕШКА: Исто така може да ги поставите параметрите на вашиот тапет од Settings (Поставки) > Display (Приказ). > Проширен почетен екран Проширување на вашиот почетен екран Може да додадете повеќе страници за да го проширите почетниот екран и да поставите повеќе брзи пристапи за апликации и виџети на истиот. 1.
Поставување на датум и време Стандардно, датумот и времето што се прикажани на вашиот почетен екран автоматски се синхронизираат со параметрите на вашата мобилна мрежа. За да ги смените поставките за датум и време: 1. Допрете го екранот Поставки со правење на едно од следниве: •• Допрете Брзи поставки, а потоа допрете •• Допрете . > Settings (Поставки). 2. Лизгајте надолу по екранот Поставки и изберете Date & time (Датум и време). 3.
Заклучен екран Стандардно, заклучениот екран се појавува по вклучувањето на вашиот уред и додека го будите од режим на спиење. Од заклучениот екран, може да продолжите до Android® системот на вашиот уред со поминување со прст на панелот на екранот на допир. Заклучениот екран на уредот исто така може да биде прилагоден за да се уреди пристапот до вашите мобилни податоци и апликации.
Прилагодување на копчињата за брз пристап Стандардно, вашиот заклучен екран вклучува копчиња за брз пристап за следниве апликации: Телефон, Пораки и Камера. Сменете ги овие стандардни поставки и прилагодете ги овие копчиња за да активирате други апликации на заклучениот екран користејќи ги следниве чекори: 1. Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете . 2. Лизгајте надолу по екранот Settings (Поставки) и изберете Lock screen (Заклучен екран.) 3.
3 Работи многу, забавувај се уште повеќе Работи многу, забавувај се уште повеќе 3 Прегледувач Двигателот на вашиот модерен прегледувач заснован на Хром ви овозможува да сурфате на интернет со висока брзина. Неговиот јасен и интуитивен Зен интерфејс овозможен од технологија за трансформирање на текст ги оптимизира веб содржините подобро да се вклопат на екранот на вашиот ASUS телефон.
Споделување страници Споделувајте интересни страници од вашиот ASUS телефон со другите преку сметка за е-пошта, сметка за складирање во облак, Bluetooth, или други апликации на ASUS телефон. 1. Активирајте го прегледувачот. 2. Од веб-страница, допрете > Share link (Сподели врска). 3. Допрете ја сметката или апликацијата што сакате да ја користите како медиум при споделувањето на страницата.
Е-пошта Додадете Exchange, Gmail, Yahoo! Mail, Outlook.com, POP3/IMAP сметки за да може да добивате, креирате и прегледувате е-пораки директно од вашиот уред. Исто така може да ги синхронизирате вашите контакти од е-пошта од овие сметки на вашиот ASUS телефон. ВАЖНО! Вашиот ASUS телефон мора да биде поврзан на Wi-Fi или на мобилна мрежа за да може да додадете сметка за е-пошта или да испратите или да добиете е-пораки од додадените сметки. За повеќе детали, видете Секогаш поврзани.
Поставување на Gmail сметка Поставете ваша Gmail сметка за да се вклучите во услуги и апликации поврзани со Google, како и да добивате, испраќате и прегледувате е-пораки директно од вашиот ASUS телефон. 1. Допрете Google потоа допрете Gmail. 2. Допрете Existing (Постоечка) и запишете ја вашата постоечка Gmail сметка и лозинка, а потоа допрете . ЗАБЕЛЕШКИ: • Допрете New (Нова) ако немате ваша Google сметка.
Испраќање е-пораки подоцна Кога ќе примите е-пошта, може да ја поставите како задача за испраќање е-пошта подоцна и може да одговорите на оваа е-порака кога повеќе ви одговара од апликацијата Направи подоцна. 1. Од почетниот екран, допрете Email (Е-пошта). 2. Изберете ја е-пораката што сакате да ја испратите подоцна од вашето приемно сандаче. 3. Допрете > Reply Later (Одговори подоцна). 4. За да ја вчитате е-пораката, допрете ASUS > Do It Later (Направи подоцна) од почетниот екран.
Календар Апликацијата Календар ви овозможува да следите важни настани користејќи го вашиот ASUS телефон. Заедно со создавањето настани исто така може да поставувате потсетници или да креирате известување со одбројување за да се осигурате дека нема да ги заборавите важните случувања. Исто така ги складира настаните, како што се родендени и годишнини, што сте ги поставиле за вашите VIP контакти. Креирање настани За да креирате настан: 1. Допрете ASUS > Calendar (Календар). 2.
Креирање настан од вашата сметка Откако ќе додадете он-лајн сметки кои сакате да ги синхронизирате со Календар, може да го искористите вашиот ASUS телефон да креирате известувања за овие он-лајн сметки следејќи ги следниве чекори: 1. Допрете ASUS > Calendar (Календар). 2. Допрете за да започнете со креирање нов настан. 3. На екранот Нов настан, допрете My Calendar (Мој календар) за да ги видите сите сметки што се тековно синхронизирани со календарот. 4.
Направи подоцна Зграпчете ги дури и најтривијалните нешта во вашиот динамичен живот. Дури и кога сте премногу зафатени, одговорете на вашите е-пораки или додадете други важни задачи кои треба да ги извршите кога ќе можете. Означете ги вашите непрочитани е-пораки како ставки Reply Later (Одговори подоцна) или Read Later (Прочитај подоцна) . Овие означени ставки ќе бидат додадени на вашите задачи Направи подоцна и вие може да одговорите на овие задачи тогаш кога ќе можете.
Испраќање на е-порака сега Може да ја означите е-пораката како задача за подоцнежно одговарање и да одговорите на истата подоцна од апликацијата Направи подоцна. 1. Од почетниот екран, допрете ASUS > Do It Later (Направи подоцна). 2. Изберете ја е-пораката на која сакате да го одговорите сега, а потоа допрете Одговори сега. 3. Кога сте готови, допрете да ја означите задачата како завршена.
Управник на датотеки Користењето на Управникот на датотеки ви овозможува лесно да ги лоцирате и да управувате со вашите податоци во внатрешниот мемориски склад на вашиот ASUS телефон и поврзаните надворешни уреди за складирање. Пристапување до внатрешниот мемориски склад За да пристапите до внатрешниот мемориски склад: 1. Допрете ASUS > File Manager(Управник на датотеки). 2.
Облак Направете резервна копија на вашите податоци, синхронизирајте датотеки помеѓу различни уреди и сигурно и приватно споделувајте датотеки преку сметка во облак како ASUS WebStorage, Drive, OneDrive и Dropbox. ASUS WebStorage Регистрирајте се или пријавете се на ASUS WebStorage и добијте бесплатно складирање во облак. Автоматски поставувајте неодамна снимени фотографии за инстант споделување, синхронизирајте датотеки помеѓу различни уреди или споделувајте датотеки преку вашата сметка на ASUS WebStorage.
ASUS поддршка Најдете одговори од ЧПП (често поставувани прашања) или воспоставете директна интеракција со други корисници на Zen UI за да најдете и споделите решенија за апликациите Zen UI 2.0. За да пристапите во ASUS поддршка: 1. Допрете > ASUS Support (ASUS поддршка). 2. Допрете го ZenUI FAQs > ZenUI apps табулаторот, потоа изберете ја апликацијата за која сакате да најдете одговори.
4 Секогаш достапни Секогаш достапни 4 Повик со стил Карактеристика две SIM картички Карактеристиката две SIM картички на вашиот ASUS телефон ви овозможува да ракувате со поставките на инсталираните micro SIM картички. Со оваа карактеристика, вие може да активирате/деактивирате micro SIM картички, или да поставите една од нив за претпочитана мрежа.
Назначување на претпочитана micro SIM-картичка Назначете ја микро СИМ картичката како ваша претпочитана СИМ за СМС пораки, повици и податочни услуги. SIM картичка за податочни услуги За да назначите микро СИМ картичка за податочни услуги, допрете Cellular data (Мобилни податоци) потоа изберете од SIM1 (СИМ1) или SIM2 (СИМ2). СИМ картичка за повици Кога ќе направите повик, вашиот ASUS телефон автоматски ја користи претпочитаната micro SIM картичка за воспоставување на повик.
Телефонирање Вашиот ASUS телефон ви нуди многу начини да телефонирате. Повикајте ги вашите пријатели од списокот на контакти, паметно бирање за брзо воспоставување повик, или внесете број за брзо бирање за да го повикате контактот што често го повикувате. ЗАБЕЛЕШКА: Организирајте ги вашите контакти во апликацијата Контакти. За детали, видете Управување со контакти.
Автоматско бирање на локал Може да вметнете кратка или долга пауза по бирањето на главниот број, а потоа бројот на локал се бира автоматски. 1. Од апликацијатаТелефон, внесете го главниот број. 2. Допрете и задржете * за да внесете пауза која се дава со запирка (,). ЗАБЕЛЕШКА: Ако сакате подолга пауза допрете и задржете * повторно. 3. Внесете го локалот. 4. Изберете од копчињата за повикување SIM1 или SIM2 за да телефонирате. 5. Допрете за да го завршите повикот.
Повикување на вашите омилени контакти Кога ќе додадете контакт во списокот Омилени, може брзо да го повикате контактот од апликацијата Телефон. 1. Активирајте ги контактите или апликацијата Телефон. за да се прикаже вашиот список на Омилени, потоа допрете го вашиот 2. Допрете омилен контакт кого сакате да го повикате. 3. Допрете за да го завршите повикот. Примање повици Екранот на допир на вашиот ASUS телефон се осветлува кога има дојдовен повик.
Други опции на повик Во тек на активен повик, допрете повикот е во тек. и допрете која било од можните опции на повик кога Микрофон Го вклучува или исклучува микрофонот за активниот повик. Кога микрофонот е исклучен или во режим нечујно, може да го слушате лицето што ве повикува но тоа не може да ве чуе вас. Звучник Го вклучува или исклучува звучникот. Повик на чекање Го става активниот повик на чекање.
Управување со повеќе повици Вашиот ASUS телефон ви овозможува воспоставување или преземање на два повика. Исто така може да поставите конференциски повик што одговара за деловни состаноци, линии за забава и други групни повици. Одговарање на друг повик Додека разговарате на вашиот ASUS телефон може да слушнете звучен сигнал, кој ве известува за друг дојдовен повик. Допрете Answer (Одговори) на екранот на допир за да примите дојдовен повик додека имате активен повик.
Управување со контакти Организирајте ги вашите контакти и лесно останувајте во врска со нив преку повици, СМСпораки, е-пошта, или социјални мрежи. Групирајте ги вашите контакти како Омилени за брзо да стапите во контакт со нив, или групирајте ги како VIP контакти за да бидете известувани за какви било претстојни настани, пропуштени повици, или непрочитани пораки.
Додавање број на локал на број на контакт Може да го додадете бројот на локал на контактот за да ги избегнете говорните известувања кога телефонирате. 1. На екранот за информации за контактот, внесете го главниот број на контактот и бројот на локал на еден од следниве два начина: •• Внесете запирка (,) по главниот број, потоа внесете го бројот на локал на контактот. Има кратка пауза пред бројот на локал да се бира автоматски. За да ја продолжите паузата, допрете Pause(Пауза) за да внесете друга запирка..
Означување на вашите омилени контакти Поставете ги често повикуваните контакти како ваши омилени за да може брзо да ги повикате од апликацијата Телефон. 1. Од почетниот екран, допрете Asus > Contacts (Контакти). 2. Изберете го контактот што сакате да го означите како омилен. 3. Допрете . Контактот се додава во вашиот список Омилени во апликацијата Телефон. N(Б)OTES:(ЕЛЕШКИ:) • За да го видите вашиот список Омилени, допрете од почетниот екран, потоа допрете .
Социјално вмрежување со вашите контакти Интегрирањето на сметките на вашите контакти од социјалните мрежи ви олеснува да ги погледнете нивните профили, новости и социјални навестувања. Бидете ажурирани за активностите на вашите контакти во реално време. ВАЖНО! Пред да може да ги интегрирате сметките на вашите контакти на социјалните мрежи, треба да се пријавите на вашата сметка на социјалната мрежа и да ги синхронизирате нејзините поставки.
Испраќање пораки и повеќе Размена на пораки Размената на пораки ви овозможува да испраќате, да одговорите веднаш, или да одговорите подоцна на важни пораки од вашите контакти на секоја од вашите инсталирани SIM картички на ASUS телефонот. Исто така може електронски да ги испратите нишките на вашите пораки или разговори на другите за да ги зачувате информирани во кругот.
Препраќање нишки на пораки Може да препратите нишка на порака или разговор на други и да поставите аларм за да може да одговорите на важна порака во прикладно време. 1. Од Home screen (Почетен екран), допрете . 2. Допрете за да изберете слика на испраќачот, а потоа допрете conversation (Препрати СМС разговор). > Forward SMS 3. Допрете Select All (Означи се) или која било од пораките од нишката, а потоа допрете Forward (Препрати). 4. Во полето To (До), допрете мобилен телефон.
5 Забава и разонода Забава и разонода 5 Користење слушалки Бидете слободни да правите други нешта додека имате воспоставено повик или уживајте во слушањето на вашата омилена музика користејќи слушалки. Поврзување на аудио приклучок Вметнете го приклучокот за слушалки од 3,5 мм во портата за аудио на вашиот уред. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! • Не вметнувајте други предмети во портата за аудио приклучок. • Не вметнувајте кабел со електричен излезен напон во портата за аудио приклучок.
Музика Апликацијата Музика автоматски пребарува за музички датотеки од внатрешните и надворешните складови на вашиот ASUS телефон. Вие може да ги организирате овие музички датотеки во плеј листа или да ги додадете во ред на чекање за последователно репродуцирање. Исто така може да пренесете музика од сметки во облак како што се ASUS WebStorage, Dropbox, OneDrive и Drive. ВАЖНО! Пред пренесувањето музика од сметка во облак, осигурете се дека вашиот ASUS телефон е поврзан на Wi-Fi или на мобилна мрежа.
Други опции за репродуцирање Во текот на репродуцирањето, може да допрете подолу. и да направите која било од другиве опции Додади на плеј листа Допрете за да ја додадете песната на постоечка плеј листа или креирајте нова за да ја додадете песната на истата. Уреди информации Допрете да додадете некои детали за песната. Уреди текст Допрете за да уредите текст. Сподели Допрете да ја споделите песната преку некои апликации или сметки во облак.
Пренесување музика од облак За да пренесете музика од вашата сметка во облак: 1. Од почетниот екран Музика, допрете . 2. Под Cloud Music (Музика во облак), допрете ја сметката во облак од каде сакате да пренесувате музика. 3. Изберете ја песната, потоа допрете ја да се репродуцира. Креирање плеј листа Добивајте ги вашите омилени песни од различни извори како внатрешен склад, надворешен склад или сметки во облак и организирајте ги во плеј листа. 1. Од почетниот екран Музика, допрете . 2.
6 Вашите скапоцени моменти Вашите скапоцени моменти 6 Моменти за фотографирање Активирање на апликацијата Камера Сликајте фотографии и снимајте видеа користејќи ја апликацијата Камера на вашиот ASUS телефон. Погледнете кои било од чекорите подолу за да ја отворите апликацијата Камера. Од заклучен екран Повлечете надолу додека не се активира апликацијата камера. Од почетен екран Допрете .
Почетен екран на камера Камерата на вашиот ASUS телефон е опремена со автоматско откривање на сцена и карактеристики за автоматско стабилизирање на сликата. Таа исто така има функција за стабилизација на видео што помага во спречувањето на треперење додека се снима видео. Допрете ги иконите за да почнете да ја користите камерата и да ја истражувате сликата и видео карактеристиките на вашиот ASUS телефон.
Параметри на слики Прилагодете го изгледот на вашите направени фотографии така што ќе ги конфигурирате поставките на вашата камера користејќи ги чекорите подолу. ВАЖНО! Поставете ги параметрите пред да сликате. 1. На почетниот екран камера, допрете > . 2. Лизнете надолу и конфигурирајте ги достапните опции. Слика Конфигурирајте го квалитетот на сликата користејќи ги следните опции.
Параметри на видео Прилагодете го изгледот на вашите снимени видеа така што ќе ги конфигурирате поставките на вашата камера користејќи ги чекорите подолу. ВАЖНО! Поставете ги параметрите пред да сликате. 1. На почетниот екран камера, допрете > . 2. Лизнете надолу и конфигурирајте ги достапните опции. Слика Конфигурирајте го квалитетот на видеото користејќи ги следните опции. Фокус и експозиција Активирајте Touch auto-exposure (Автоматска експозиција на допир) под оваа опција.
Напредни карактеристики на камера Истражувајте нови начини на сликање фотографии или видеа и сликајте ги и снимајте ги вашите исклучително посебни моменти користејќи ги напредните карактеристики на камерата на вашиот ASUS телефон. ВАЖНО! Поставете ги параметрите пред да сликате. Достапните карактеристики може да се разликуват во зависност од моделот.
Панорама Сликајте фотографии од различни агли користејќи Панорама. Фотографиите сликани од перспектива на широк агол автоматски се прикачуваат заедно користејќи ја оваа карактеристика. Сликање панорамски фотографии 1. Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете > Panorama (Панорама). потоа поместете го вашиот ASUS телефон кон лево или десно за да ја 2. Допрете сликате панорамата.
Минијатура Го симулира ефектот на промена на наклон на DSLR леќите преку карактеристиката Минијатура. Користењето на оваа карактеристика ви овозможува да се фокусирате на конкретни области на вашата тема, додавајќи бокех ефект што може да се искористи на фотографиите и на видеото користејќи го вашиот ASUS телефон. Сликање минијатурни фотографии 1. Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете > Miniature (Минијатура). или за да ја изберете областа на фокусот, потоа употребете ги вашите 2.
Разубавување Забавувајте се во текот на и по сликањето фотографии на вашето семејство и пријатели користејќи ја карактеристиката Разубавување на вашиот ASUS телефон. Кога е активирана, оваа карактеристика ви овозможува да правите живописни интензивирања на убавината на лицето на вашиот субјект пред да го притиснете копчето на блендата. Сликање фотографии со Разубавување 1. Од почетниот екран на апликацијата Камера, допрете (Разубавување). 2. Допрете > Beautification за да започнете да сликате фотографии.
Користење на Галерија Гледајте слики и видеа на вашиот ASUS телефон користејќи ја апликацијата Галерија. Оваа апликација исто така ви овозможува да уредувате, споделувате, или бришете датотеки со слики и видеа складирани во вашиот ASUS телефон. Од Галерија, може да прикажувате слики во приказ на слајдови или допрете за да ја видите избраната датотека со слика или видео. За да активирате Галерија, допрете ASUS > Gallery (Галерија).
Прегледување на локација на фотографија Активирајте го пристапот до локација на вашиот ASUS телефон и добијте ги деталите за локација на вашите фотографии. Деталите за локацијата на вашите фотографии ја вклучуваат областа каде се направени фотографиите, како и мапа на локацијата преку Google Map или Baidu (само во Кина). За да видите детали за фотографија: 1. Вклучете го пристапот до локацијата од > Settings (Поставки) > Location (Локација). 2.
Споделување датотеки од Галерија 1. Од екранот Галерија допрете ја папката каде што се наоѓаат датотеките што сакате да ги споделите. 2. По отворањето на папката, допрете за да го активирате изборот на датотека. 3. Допрете на датотеките што сакате да ги споделите Се појавува знак за штиклирано на врвот на сликата што сте ја избрале. 4. Допрете потоа изберете од списокот каде сакате да ги споделите сликите. Бришење датотеки од Галерија 1.
Поставување фотографии на ѕидот за настани на вашиот Календар Активирањето на оваа карактеристика во вашата Галерија ви овозможува да гледате фотографии директно од настаните во вашиот Календар. На овој начин, може веднаш да ги групирате направените фотографии според конкретното име на настанот. 1. Откако сте сликале фотографии од вашиот ASUS телефон, активирајте Gallery (Галерија). 2. Допрете > Events wall (Ѕид на настани). на горниот десен агол на папката во која се наоѓаат фотографиите направени 3.
Користење Мини филм Претворете ги фотографиите во креативен приказ на слајдови користејќи ја карактеристиката Мини филм на Галеријата. Мини филм содржи тема на презентации со приказ на слајдови кои веднаш може да ги примените на избрани фотографии. За да креирате Мини филм од папка со фотографии: 1. Активирајте Галерија, а потоа допрете фотографии. за да ја изберете локацијата на вашата папка со 2. Изберете ја папката со фотографии, а потоа допрете Мини филм). > Auto MiniMovie (Автоматски 3.
7 Секогаш поврзани 7 Секогаш поврзани Мобилна мрежа Кога нема достапна Wi-Fi мрежа на која може да се поврзете, може да активирате пристап до податоци на вашата мобилна мрежа за интернет врска. Активирање на мобилна мрежа 1. Направете нешто од следново за да го активирате екранот Поставки: •• Активирајте Брзи поставки, а потоа допрете •• Допрете . > Settings (Поставки). 2. Допрете More...(Повеќе...) > Cellular networks (Мобилни мрежи). 3. Конфигирирајте поставки на мобилната мрежа доколку е потребно.
Поврзување на Wi-Fi мрежа 1. На екранот Поставки, допрете Wi-Fi за да се прикажат сите откриени Wi-Fi мрежи. 2. Допрете го името на мрежата за да се поврзете. За заклучена мрежа, може да ви се побара да внесете лозинка или други безбедносни акредитиви. ЗАБЕЛЕШКИ: • Вашиот ASUS телефон автоматски се преповрзува на мрежата со која сте биле претходно поврзани. • Исклучете ја карактеристиката Wi-Fi кога не ја користите за да заштедите батерија. Исклучување Wi-Fi За да исклучите Wi-Fi: 1.
Спарување на вашиот ASUS телефон со Bluetooth® уред Пред целосно да ја користите карактеристиката Bluetooth на вашиот ASUS телефон, прво треба да го спарите со Bluetooth уред. ASUS телефонот автоматски ја складира врската за спарување на Bluetooth уредот. 1. На екранот Поставки, допрете Bluetooth за да се прикажат сите достапни уреди. ВАЖНО! • Ако уредот што сакате да го спарите не е на списокот, проверете дали сте ја активирале неговата Bluetooth карактеристика и дали може да се открие.
Тетеринг Кога Wi-Fi услугата не е достапна, може да го користите вашиот ASUS телефон како модем или да го претворите во Wi-Fi хот-спот за да имате интернет пристап на вашиот лаптоп, таблет и другите мобилни уреди. ВАЖНО! Најголем број мобилни оператори може да бараат месечна претплата за пренос на податоци за да може да ја користите функцијата тетеринг. Контактирајте со мобилниот оператор за користење на претплатата за пренос на податоци.
Bluetooth Тетеринг Активирајте Bluetooth на вашиот ASUS телефон и користете го како модем за интернет пристап на вашите мобилни уреди со активиран Bluetooth како лаптоп или таблет. 1. Активирајте Bluetooth на вашиот ASUS телефон и на другиот уред. 2. Спарете ги двата уреда. ЗАБЕЛЕШКА: За детали, видете Спарување на вашиот ASUS телефон со Bluetooth уред. 3. Од екранот Поставки, допрете More...(Повеќе...) > Tethering (Tетеринг), а потоа лизнете Bluetooth tethering (Bluetooth тетеринг) на ON (ВКЛУЧЕНО).
8 Патување и мапи Патување и мапи 8 Временска прогноза Добивајте ажурирања за временска прогноза во реално време непосредно од вашиот ASUS телефон користејќи ја апликацијата за временска прогноза. Користејќи Временска прогноза, вие може исто така да проверувате други детали за времето насекаде низ светот. Активирање на апликацијата Временска прогноза Од вашиот Почетен екран, активирајте ја апликацијата Временска прогноза користејќи некоја од следниве опции. •• Допрете > Weather (Временска прогноза).
Почетен екран Временска прогноза Поставете ги и добивајте ги ажурирањата на временската прогноза за вашата тековна локација како и за другите делови на светот. Може да ги прикажувате ажурирањата на временската прогноза или дневната временска прогноза на апликацијата Календар.
Часовник Прилагодете ги параметрите на временската зона на вашиот ASUS телефон, поставете аларми и користете го вашиот ASUS телефон како стоперка користејќи ја апликацијата Часовник. Активирање Часовник Активирајте ја апликацијата Часовник користејќи некоја од следниве опции. > Clock (Часовник). •• Допрете •• Од почетниот екран на ASUS телефонот, допрете го приказот на дигитален часовник. Светски часовник Допрете за да пристапите до поставките за светски часовник на вашиот ASUS телефон.
Будилник Допрете за да пристапите до поставките за будилник на вашиот ASUS телефон. Допрете тука за да избриште некои од претходно поставените аларми. Допрете тука за да пристапите до поставките на карактеристиката будилник. Допрете тука за да поставите време за нов аларм. Стоперка Допрете за да го користите вашиот ASUS телефон како стоперка. Допрете го ова копче за да започне да работи карактеристиката стоперка.
Тајмер Може да поставите повеќе опции на тајмер за вашиот ASUS телефон. За да го направите ова, следете ги чекорите подолу: Поставување на тајмер 1. Допрете за да пристапите до карактеристиката тајмер на вашиот ASUS телефон. нумеричка тастатура 2. Користете ја нумеричката тастатура за да го внесете вашето целно време, а потоа допрете започни за да го активирате тајмерот.
9 Зен Врска Зен Врска 9 Запознавање со Зен Врска Останете поврзани со ексклузивната Зен Врска за ASUS за максимална продуктивност. Со апликациите на Зен Врска може да се поврзете со други уреди за да споделувате и примате датотеки. Вашата Зен Врска се состои од следниве апликации: Сподели Врска и Далечинска Врска. ЗАБЕЛЕШКА: Некои од апликациите на Зен Врска може да не се достапни на вашиот ASUS телефон.
3. Допрете ги датотеките што сакате да ги испратите, а потоа допрете Done (Готово). 4. Откако вашиот ASUS телефон ги открил другите уреди, допрете го уредот со кој сакате да ги споделите вашите датотеки. Примање датотеки За да примате датотеки: 1. Од вашиот Почетен екран, допрете потоа допрете Share Link (Сподели Врска). 2. Допрете Receive file (Прими датотека) за да ги примите датотеките од испраќачот. Далечинска Врска Претворете го вашиот ASUS телефон во уред за безжичен внес и алатка за презентација.
Подлога за допир на Далечинска Врска Допрете за да активирате ASUS Smart gesture и да се движите низ вашиот компјутер. Лизнете со прстот преку оваа подлога за допир за да се движите низ компјутерот. Допрете го ова копче за да се имитира функцијата на левото копче од глувчето. Допрете го ова копче за да се имитира функцијата на десното копче од глувчето. Движете го овој лизгач за да го зумирате/одзумирате екранот на вашиот компјутер.
Контролер на Windows® Media Player за Далечинска Врска Допрете да го контролирате Windows® Media player. Допрете го ова копче за да се вратите назад на претходната песна/музичка датотека. Допрете го ова копче за да одите на следната песна/ музичка датотека. Движете го овој лизгач за да го минимизирате/ максимизирате звукот. Движете го ова копче за барање да изберете дел од песна/музичка датотека што сакате да го слушнете или репродуцирате.
10 Зен насекаде 10 Зен насекаде Посебни Зен алатки Батериска ламба Може да го претворите вашиот ASUS телефон во инстант батериска ламба со активирање на вашиот панел за Брзи поставки од секаков екран и секоја отворена апликација. Од панелот Брзи поставки, едноставно допрете на иконата Батериска ламба за да ја активирате нејзината функција. Допрете тука за да ја активирате батериската ламба.
Опции на мени Батериска ламба Допрете тука за да го активирате или деактивирате режимот батериска ламба. Допрете тука за да го активирате или деактивирате режимот SOS. Допрете која било од овие икони за да префрлате помеѓу брзините на батериската ламба додека трепка. Дпрете го ова за да пристапите до поставките за Блиц. Допрете тука за да го вклучите или исклучите светлото. Допрете го ова да активирате ЛЕД блиц. Допрете го ова за да го активирате блицот на екранот.
Калкулатор Едно поминување со прст и допир е се што е потребно за да го активирате Калкулаторот. Кога ќе го отворите панелот Брзи поставки, иконата Калкулатор е тука, видлива на врвот на списокот. Допрете ја за да започнете со вашите пресметки. Допрете тука за да го активирате калкулаторот.
Брз потсетник Брзиот потсетник е алатка за запишување белешки што ви овозможува слобода или да ги чкртате или да ги напишете важните белешки што треба да ги запаметите. По креирањето на белешки, може да ги споделите преку Сподели Врска и страниците на социјални медиуми или да ги претворите во задача во Направи подоцна. Создавање налепница Може да ги претворите белешките од Брзиот потсетник во налепница за да може да ги гледате насекаде, на вашиот ASUS телефон.
Снимач на звук Ги снима аудио датотеките користејќи го вашиот ASUS телефон со активирање на апликацијата Снимач на звук. Активирање Снимач на звук За да активирате Снимач на звук, допрете > Sound Recorder (Снимач на звук). Допрете за да ги прилагодите поставките на Снимачот на звук Допрете за да го видите списокот на зачувани снимени аудио датотеки Допрете да започне аудио снимање Паузирање снимање Додека снимањето е паузирано, може да изберете да ја продолжите, избришете или зачувате снимката.
Список на снимање Од списокот на снимање може да репродуцирате, преименувате, споделувате или избришете зачувана датотека на аудио снимка. Да го видите вашиот список на снимање, допрете од главниот екран на Снимач на звук.
Има и повеќе за вашиот Зен Капак за ASUS Заменете го задниот капак на вашиот ASUS телефон со овој ексклузивен додаток на ASUS и проверувајте важни информации без да го отворате капакот. ЗАБЕЛЕШКА: Овој додаток може да се испорачува со вашиот ASUS телефон или да се купи издвоено. Поставување на капакот ASUS За да го поставите капакот ASUS: 1. Исклучете го вашиот ASUS телефон. 2. Внимателно ослободете го капакот од жлебот во долниот десен агол, а потоа извадете го задниот капак.
11 Одржувај го твојот Зен Одржувај го твојот Zen 11 Постојано ажурирање на вашиот уред Одржувајте го вашиот ASUS телефон со серијата ажурирања на системот Android и надградување на апликации и карактеристики. Ажурирање на вашиот систем 1. Допрете потоа допрете Settings (Поставки). 2. На екранот Поставки, лизнете надолу за да се прикажат други ставки, а потоа допрете About (За). 3. Допрете System update (Ажурирање на систем) потоа допрете Check Update (Провери ажурирање).
Заштита на твојот ASUS телефон Користете ги безбедносните карактеристики на вашиот ASUS телефон за да спречите неовластени повици или пристап до информации. Отклучување на вашиот екран Кога екранот е заклучен, може да го отворите со безбедносни опции за отклучување што ASUS телефонот ви ги нуди. 1. Допрете потоа допрете Settings (Поставки) > Lock screen (Заклучен екран). 2. Допрете Screen lock (Заклучен екран), а потоа изберете опција за отклучување на вашиот ASUS телефон.
ПИН Запишете најмалку четири бројки за да поставите ПИН. ВАЖНО! Бидете сигурни дека сте го запаметиле ПИН-от што сте го создале за отклучување на вашиот уред. Шема Лизнете го вашиот прст по точките и создадете шема. ВАЖНО! Може да создадете шема со минимум четири точки. Бидете сигурни дека сте ја запаметиле шемата што сте ја создале за отклучување на вашиот уред.
Лозинка Запишете најмалку четири знаци за да создадете лозинка. ВАЖНО! Бидете сигурни дека сте ја запаметиле лозинката што сте ја создале за отклучување на вашиот уред. Конфигурирање на другите карактеристики за безбедност на екранот Покрај режимот на заклучен екран, вие исто така може да го направите следново на прозорецот за Безбедност на екранот: • Брз пристап: Лизнете го копчето Брз пристап на ON (ВКЛУЧЕНО) за да активирате апликации на заклучен екран.
Додаток Додаток Белешки Изјава за сообразност на ЕС Овој производ е во согласност со прописите на директивата R&TTE 1999/5/EC. Изјавата за сообразност може да се преземе од http://www.asus.com/support Спречување на оштетување на слухот За да избегнете можно оштетување на слухот, избегнувајте долготрајно слушање звук со голема јачина. À pleine puissance, l’écoute prolongée du baladeur peut endommager l’oreille de l’utilisateur.
Овој уред е тестиран за носење на тело и е усогласен со насоките на ICNIRP и Европскиот стандард EN 62209-2, за употреба со специјално наменети додатоци. SAR на овој уред е измерена на растојание од 1,5 см од телото, при емитување со највисокото потврдено ниво на моќност во сите фреквентни опсези на овој уред. Употребата на други додатоци што содржат метали може да резултира со неусогласеност со насоките на ICNIRP за изложеност.