E-Manual

46
Глава 4: Секогаш достапни
Автоматско бирање на локал
Може да вметнете кратка или долга пауза по бирањето на главниот број, а потоа бројот на
локал се бира автоматски.
1. Од апликацијатаТелефон, внесете го главниот број.
2. Допрете и задржете * за да внесете пауза која се дава со запирка (,).
ЗАБЕЛЕШКА: Ако сакате подолга пауза допрете и задржете * повторно.
3. Внесете го локалот.
4. Изберете од копчињата за повикување SIM1 или SIM2 за да телефонирате.
5. Допрете
за да го завршите повикот.
Паметно бирање на вашите контакти
Како што ги внесувате првите неколку броја или букви од името на вашиот контакт, паметното
бирање пребарува низ вашиот список на контакти или дневници на повици и ви предлага
можни совпаѓања. Може да проверите дали контактот што се обидувате да го добиете е на
списокот на можни совпаѓања, а потоа може брзо да го воспоставите тој повик.
1. Активирајте ја апликацијата Телефон, а потоа внесете го бројот или името на контактот.
2. Од списокот на можни совпаѓања допрете го контактот што сакате да го повикате. Ако
контактот не е на списокот, внесете го целиот број или името на контактот.
3. Изберете од копчињата за повикување SIM1 или SIM2 за да телефонирате.
ЗАБЕЛЕШКА: Ознаките на копчињата за бирање може да се разликуваат во зависност од
поставките што сте ги направиле на вашата micro SIM картичка. За повеќе детали, исто така видете
Карактеристика две SIM картички.
Повикување од апликацијата Контакт
Користете ја апликацијата Контакт за да телефонирате од вашиот список на контакти.
1. Активирајте ја апликацијата Контакти
2. Допрете го името на контактот, а потоа допрете го бројот што сакате да го бирате.
3. Ако има инсталирани две SIM картички, допрете ја SIM картичката од која сакате да
воспоставите повик.
4. Допрете
за да го завршите повикот.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ги видите сите контакти од сите сметки на контакти, допрете го паѓачкиот
список Прикажување на контакти а потоа штиклирајте ги сите сметки.