User manual

Македонски | 181
Bosch Power Tools 1 609 92A 28R | (12.12.16)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 6 ставете го во
средна позиција.
Притиснете го прекинувачот за блокирање 8 надолу.
–Ставете ја заштитата за ножот 3 на сечилото 2. Мора да се слушне кога
заштитата за ножот 3 ќе се вклопи!
Сечење на рабови
Ставете го одвртувачот со додаток за ножици за трева долж работ на
тревникот. Избегнувајте сечилото да дојде во контакт со поплочени
површини, камења или ѕидови на градината, бидејќи тоа може
значително да го намали животниот век на сечилото. По употребата,
повторно ставете ја заштитата за ножот на сечилото.
Отстранете пречки на сечилото
Никогаш за време на работењето на сечилото не отстранувајте исечоци
и не го држете цврсто материјалот што се сече. Отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 и притиснете го
прекинувачот за блокирање 8 надолу.
Внимание! Откако ќе се исклучи одвртувачот со додаток за
ножици за трева, сечилото продолжува да се движи уште неколку
секунди.
Не го допирајте сечилото што се движи. Почекајте додека сечилото не
запре и тогаш отстранете ја блокадата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Секогаш носете заштитни ракавици кога сакате да направите
одржување/чистење на додатокот за ножици за трева.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење ставете го во
средна позиција.
Пред одржувањето или чистењето притиснете го прекинувачот за
блокирање надолу и отстранете го додатокот за ножици за трева
од одвртувачот.
Одржувајте го сечилото чисто, за да може добро и безбедно да
работите.
OBJ_BUCH-2787-001.book Page 181 Monday, December 12, 2016 9:22 AM