User manual
Македонски | 81
Bosch Power Tools 1 609 92A 0J0 | (19.3.14)
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Вшмукувачот е наменет за вшмукување и издувување на
материјали што не се опасни по здравјето и суви
материјали.
Вшмукувачот е наменет исклучиво за употреба во
домаќинството.
Користете го вшмукувачот само доколку сте
доволно информирани за неговата употреба.
Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од
погрешна употреба и повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за отклучување на комората за прав
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Батерија*
4 Куќиште на моторот
5 Комора за прав
6 Продолжна цевка
7 Четка
8 Држач за млазницата за фуги/четката
9 Млазница за фуги
10 Подна млазница
11 Копче за отклучување на батеријата
12 Филтерска единица
13 Поклопец за филтерот
14 Дихтунг за филтерот
15 Филтер
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите наведени на
страниците со опрема. Само овие полначи се
соодветни за литиум-јонската батерија која се користи
за вашиот вшмукувач.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Батериски вшмукувач за суви
материјали
PAS 18 LI
Број на дел/артикл
3 603 CB9 0..
Волумен на контејнерот
(бруто) l0,65
макс. потпритисок
kPa 4,2
макс. количина на проток
m
3
/min 1,4
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003 кг 1,3
Батерија
Дозволена температура на
околината
–при полнење
–при работа*
–при складирање
°C
°C
°C
0...+45
–20...+50
–20...+60
препорачани батерии
GBA 18V x,xAh M-.
* ограничена јачина при температури <0 °C
OBJ_BUCH-2155-002.book Page 81 Wednesday, March 19, 2014 2:57 PM