User manual
Македонски | 331
Bosch Power Tools 2 609 141 206 | (14.8.14)
Исто така на мерната вредност може да влијаат и процепите за вентилација со
различни температури или индиректно примените рефлексии.
Проверка на точност при мерење на растојанија
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 м,
чија должина точно ја знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното
подрачје треба да биде во внатрешниот простор и целната површина на
мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира.
– Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да
изнесува максимум ±4 мм на целото мерно подрачје при поволни услови.
Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Дефект – Причини и помош
Причина Помош
Предупредувањето за температура (b) трепка, мерењето не е возможно
Мерниот уред е надвор од работната
температура од –10 °C до +45 °C.
Почекајте додека мерниот уред не ја
постигне работната температура
Приказ „ERROR“ на екранот
Целната површина прејако рефлектира
(напр. огледало) одн.преслабо (напр.
црн материјал), или амбиентното светло
е прејако.
Употребете целна табла за ласерот
13 (опрема)
Излезот на ласерски зрак 12 одн.
приемна леќа 11 се замаглува (напр. со
брза промена на температурата).
Со мека крпа избришете го излезот
на ласерскиот зрак 12 одн.
примената леќа 11
Мерниот резултат не е уверлив
Целната површина не рефлектира со ист
интензитет (напр. вода, стакло).
Целната површина е покриена
Излезот на ласерскиот зрак 12 одн.
приемната леќа 11 е покриена.
Излезот на ласерскиот зрак 12 од.
приемната леќа 11 не треба да се
покрива
Пречки при движењето на ласерскиот
зрак
Л
асерската точка
мора комплетно да
лежи на целната површина.
OBJ_BUCH-2264-001.book Page 331 Thursday, August 14, 2014 4:14 PM