Instructions

Table Of Contents
Македонски | 175
(GPB18V‑5SC) во правец на стрелките од часовникот, а
за намалување на гласноста свртете го во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста се појавува со вредноста
помеѓу 0 и 30 на екранот. Пред подесувањето или
менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на
пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио
извор поставете ја на средна вредност.
За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете
копчето Mute(12). На екранот се појавува приказот
Исклучување на звукот(f).
За повторно да го вклучите тонот, повторно кратко
притиснете го копчето за нечујно или свртете го копчето
Clock(14) (GPB18V‑5C) одн. копчето Menu(22)
(GPB18V‑5SC) во правецот на стрелките од часовникот.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има
вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените
рачно или да ги користите претходните подесувања на
бојата на тонот за различни стилови музика. Може да ги
изберете претходно програмираните поставкиJAZZ,
ROCK, POP иCLASSIC како и самопрограмирачката
поставкаCUSTOM. Поставките на звукот одделно се
зачувуваат за секој аудио извор.
За да изберете некое од зачуваните претходни
подесувања за бојата на тонот, кратко притискајте на
копчето Equalizer(20) додека на екранот не се појави
саканата поставка во приказот за претходни подесувања
за бојата на тонот(i).
Промена на поставкатаCUSTOM:
Можете да го поставите нивото на висина и длабочина
на звукот во опсег од −5 до +5.
Притискајте на копчето Equalizer(20) подолго од
0,5s. На приказот за претходни подесувања за бојата
на тонот(i) на екранот се појавуваCUSTOM.
GPB18V‑5C: На приказот за висок тон/бас(d) се
прикажуваTRE, актуелната вредност на нивото на
висок тон трепка. Притиснете го копчето Clock(14), за
да го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Clock(14), за да ја зачувате поставената
вредност.
На приказот за висок тон/бас(d) сега се прикажува
BAS како и актуелната вредност на басот. Променете
го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за
високиот тон.
GPB18V‑5SC: На мултифункционалниот приказ(k) се
прикажува<Treble> и актуелната вредност на нивото
на висок тон. Притиснете го копчето Menu(22), за да
го промените нивото на висок тон. Притискајте го
копчето Menu(22), за да ја зачувате поставената
вредност.
На мултифункционалниот приказ(k) сега се
прикажува<Bass> како и актуелната вредност на
басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како
што е опишано за високиот тон.
По зачувување на поставката за бас одн. 10s по
последното притискање на копчето Clock(14)/копчето
Menu(22) радиото се враќа на стандардниот приказ на
екранот.
Бирање на аудио извор
За да изберете аудио извор притискајте го копчето
Source(18) додека на екранот не се прикаже саканиот
внатрешен одн. надворешен аудио извор:
DAB: дигитално радио преку DAB+ (GPB18V‑5SC),
FM: аналогно радио преку FM,
AUX: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5mm конекторAUXIN(10) во преградата за
медиумски датотеки,
: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон)
со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот
аудио извор(h) одн. приказот Bluetooth®(g).
Поставување/зачувување на DAB+-радио станица
(GPB18V‑5SC)
За избор на радио станици со аудио извор DAB+
притискајте го копчето Source(18) додека во приказот
аудио извор не се појави(h)DAB.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната
поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од
мултифункционалниот приказ(k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
За Промена на станицата вртете го копчето
Source(18) додека саканата станица не се прикаже на
екранот. Притиснете го копчето Source(18) за да го
потврдите изборот. Радиото менува до избраната
станица.
Алтернативно за промена на станицата можете да го
притиснете копчето за пребарување наназад(13) или
копчето за пребарување нанапред(19).
За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма(17) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување(c).
За репродукција на зачувана станица кратко
притиснете на едно од копчињата за зачувување на
програма(17). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување(c).
Напомена: ако имате проблеми со приемот, можете
рачно да го започнете пребарувањето на DAB+-
станицата. За таа цел, изберете или<Auto Scan> во
менито или истовремено притиснете го копчето за
пребарување наназад(13) и копчето за пребарување
нанапред(19). По завршувањето на пребарувањето на
станици, 4станици се зачувуваат на местата на
зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните
станици се презапишуваат.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5RG | (30.09.2020)