Instructions

Table Of Contents
Македонски | 177
Воспоставување на нова врска преку Bluetooth®:
За да се воспостави врска со нов надворешен аудио
извор, притискајте на копчето Bluetooth®(21) подолго
од 0,5s. Ова исто така е можно за време на процесот
на пребарување, при постојна врска или при
работење со друг аудио извор.
Радиото го стартува процесот на пребарување. За
време на процесот на пребарување трепка приказот
Bluetooth®(g).
Активирајте ја врската преку надворешен аудио
извор. На паметните телефони тоа обично е можно во
рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото
се појавува како достапен извор под името
GPB18V‑5Cxxxx одн. GPB18V‑5SCxxxx. Следете го
упатството за користење на Вашиот аудио извор/
Вашиот паметен телефон.
Веднаш штом ќе се воспостави врската преку
Bluetooth®, постојано свети приказот Bluetooth®(g).
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се
управува и преку радиото:
За да изберете наслов и да го стартувате,
притискајте го кратко копчето за пребарување
нанапред(19) одн. копчето за пребарување
наназад(13) додека не стигнете до саканиот наслов.
Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
стартува.
За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го
копчето Mute(12). На екранот се појавува приказот
Исклучување на звукот(f).
За да продолжите со репродукцијата, повторно
притиснете го копчето Mute(12), променете ја
гласноста преку копчето за пребарување
нанапред(19) одн. копчето за пребарување
наназад(13).
За премотување напред одн. назад во рамки на
еден наслов држете го притиснато копчето за
пребарување нанапред(19) одн. копчето за
пребарување наназад(13) додека не стигнете до
саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се
притисне едно од копчињата за зачувување на
програмата(17), тогаш радиото менува на станицата
зачувана во последно користениот режим на работа на
радиото.
Поставување на приказ на време (GPB18V‑5C)
За да го отворите приказот за време во менито, кратко
притиснете на копчето Clock(14).
Можете да избирате помеѓу временските формати
12часа<12H> и 24часа<24H>, како и да поставувате
часови и минути.
Навигирајте во менито:
Менување на поставки во менито: Вртете го копчето
Clock(14).
Зачувување на поставки во менито: Притиснете го
копчето Clock.
По зачувување на поставката за минути одн. 10s по
последното притискање на копчето Clock радиото
менува се враќа на автоматски режим.
Ако времето на радиото веќе не се зачувува, заменете ги
резервните батерии.
Функција Reset (GPB18V‑5C)
За да ги ресетирате сите поставки на радиото на
фабрички поставки (Reset), притиснете го копчето
Clock(14) подолго од 0,5s. На екранот се
појавува<RS>.
Вртете го копчето Clock(14), за да изберете меѓу
ресетирање<YES> и враќање на актуелните
поставки<NO>. Потврдете го изборот со притискање на
копчето Clock.
Менување на поставките на менито (GPB18V‑5SC)
За да ја отворите функцијата на менито, притиснете на
копчето Menu(22).
Навигирајте во менито:
Навигирање во менито: Вртете го копчето Menu(22).
Изберете и зачувајте ја поставката на менито:
Притиснете го копчето Menu(22).
Сменете во подмени: Притиснете го копчето
Menu(22).
Сменете од подменито назад кон повисоко мени:
Кратко притиснете го копчето за пребарување
наназад(13). Кога ќе се достигне горното ниво на
менито, радиото се враќа во режимот на аудио.
За да ја напуштите функцијата на мени од саканото ниво и
да се вратите на аудио режим, притиснете го копчето за
пребарување наназад(13) подолго од 1s. Алтернативно,
радиото автоматски менува на режимот на аудио 10s по
последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните
батерии.
Опции на менито (GPB18V‑5SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ(k)
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set Time>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
формати 12часа<12Hour Mode> и 24часа<24Hour
Mode> и да го поставите времето рачно. Ако кај аудио
изворDAB се избере радио станица која го пренесува
времето, тогаш автоматски се презема тоа време.
<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите
поставки на менито на фабрички поставки<Yes> или да
вратите на актуелните поставки<No>.
<Auto Scan> (кај аудио изворDAB)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да
стартувате автоматско пребарување на станица.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5RG | (30.09.2020)