User manual

Македонски | 151
Bosch Power Tools 2 609 141 290 | (16.6.15)
Референтни вредности за максимални вртежни моменти на зацврстување на шрафови
Податоци во Nm, пресметани од просекот на затегање; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на
триења µ
вк.
=0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Совети
Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во
цврсти материјали, претходно издупчете
2
/
3
од должината
на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални
делови во електричниот апарат.
Држач за појас (види слика E)
Со држачот за појас 17 може да го закачите електричниот
апарат на пр. на појас. Така двете дланки ќе ви бидат
слободни, а електричниот апарат ќе го имате на дофат во
секое време.
Стега во боја (види слика F)
Со стегата во боја 18 може да индивидуално да го
означите електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ј
а батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковач
евиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку ку
ќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Класи на цврстина
според DIN 267
Стандардни шрафови Шрафови со висока
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M 6
2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2
M 8
6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39
M 10
13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78
M 12
22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
M 14
36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215
M 16
55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330
OBJ_BUCH-2221-002.book Page 151 Tuesday, June 16, 2015 9:46 AM