Cordless hammer drill operating instructions

Table Of Contents
152 | Македонски
изложат металните делови на електричниот алат „под
напон“ и операторот може да добие струен удар.
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
u Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u Користете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
u При работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
SDS-plus глава за дупчење
(2)
Прифат на алат SDS-plus
(3)
Капак за заштита од прав
(4)
Чаура за заклучување
(5)
Копче за подесување на граничникот за
длабочина
(6)
Копче за отклучување за прекинувачот за
запирање на удари/вртежи
(7)
Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(8)
Прекинувач за менување на правецот на
вртење
(9)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(10)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(11)
Батерија
A)
(12)
Работна светилка
(13)
Копче за отклучување на батерија
A)
(14)
Дополнителна дршка (изолирана површина
на дршката)
(15)
Граничник за длабочина
(16)
Универзален држач со SDS-plus-вратило за
прифат
A)
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски електро-
пневматски чекани за
дупчење
GBH 18V-21
Број на дел/артикл
3611J111..
Номинален напон V= 18
Номинален број на вртежи
A)
Десен тек min
-1
0–1800
Лев тек min
-1
0–1800
Број на удари
A)
min
-1
0–5100
Јачина на поединечен удар
согласно EPTA-Procedure
05:2016
J 2
Прифат на алатот SDS-plus
Макс. дупка-Ø
1 609 92A 5GG | (13.01.2020) Bosch Power Tools