Datasheet

Table Of Contents
Македонски | 113
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите
безбедносни напомени и
упатства. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
u Овој полнач не е предвиден за
употреба од деца и лица со
ограничени физички, сензорни
или ментални способности или
со недоволно искуство и знаење.
Овој полнач може да го користат
деца над 8 години како и лица со
ограничени физички, сензорни и
ментални способности или со
недоволно искуство и знаење,
доколку се под надзор од лица
одговорни за нивната
безбедност или се подучени за
безбедно ракување со полначот
и ги разбираат опасностите кои
може да произлезат поради тоа.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
u За време на користењето,
чистењето и одржувањето
надгледувајте ги децата. Така ќе
се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
u Полнете само Bosch литиум-
јонски батерии со капацитет од
1,3 Ah (од 4 батериски ќелии).
Напонот на батеријата мора да
одговара на напонот за полнење
на батеријата на полначот. Не
полнете батерии за повторно
полнење. Инаку постои опасност
од пожар и експлозија.
Држете го полначот подалеку од дожд или
влага. Навлегувањето на вода во електричниот уред го
зголемува ризикот од електричен удар.
u Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
u Пред секое користење, проверете ги полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
u Не го користете полначот на лесно запалива
подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во
запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
u Не ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
u Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
u Внимание! При користење на полначот со Bluetooth
®
може да настанат пречки на другите уреди и
системи, авиони и медицински апарати (на пр.
пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не
може целосно да се исклучи можноста за повреда
на луѓе и животни во непосредна околина. Не го
користете мерниот уред соBluetooth® во близина на
Bosch Power Tools 1 609 92A 52F | (11.03.2019)