operation manual

Македонски | 127
Bosch Power Tools 1 609 92A 3MV | (21.2.17)
Редовно чистете ја пловката и
проверете дали е оштетена. Инаку
функцијата може да се наруши.
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Вшмукувачот содржи
прав што е опасна по
здравјето. Празнењето и одржувањето, како и
вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се
врши само од страна на стручен персонал. Неопходна е
соодветна заштитна опрема. Не го користете
вшмукувачот без комплетниот филтерски систем.
Инаку го загрозувате вашето здравје.
Пред користењето, проверете дали цревото за
вшмукување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на вшмукувачот,
проверете да не излегува прав. Инаку мо
же да ја
вдишете правта.
Не го користете вшмукувачот како предмет за
седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку
вшмукувачот може да се преврти и оштети. Постои
опасност од повреда.
Отворот за вшмукување и процепите за вентилација
не смеат да се затвораат, покриваат или затнуваат.
Со ова се гарантира правилна употреба на уредот.
Не вшмукувајте предмети со остри рабови како на
пр. парчиња скршено стакло, клинци, камења, игли
или жилети. Со тоа ќе се осигурате дека нема да се
оштети филтерот.
Почитувајте ги упатствата за користење на опремата
што се употребува.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој
од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влиј
ание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот вшмукувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите
вшмукувачот.
ВНИМАНИЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ознаки и нивно значење
Прочитајте
ги сите
напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Вшмукувач од класата на прав L според
IEC/EN 60335-2-69 за вшмукување на
суви материјали за честички прав
опасни по здравјето со гранична
вредност на изложеност > 1 mg/m
3
Вшмукува
чот
содржи прав што е опасна по здравјето.
Празнењето и одржувањето, како и
вадењето на контејнерот за собирање
прав смее да се врши само од страна на
стручен персонал. Неопходна е
соодветна заштитна опрема. Не го
користете вшмукувачот без
комплетниот филтерски систем.
Инаку
го загрозувате вашето здравје.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-3068-001.book Page 127 Tuesday, February 21, 2017 7:35 AM