operation manual

186 | Македонски
1 609 92A 14R | (3.2.15) Bosch Power Tools
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-5.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 03.02.2015
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батериј
ата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 3 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 24.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 3 притиснете на копчињата за
отворање 24 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика F)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 32 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 3.
Од безб
едносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 31, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 3.
Доколку по притискањето на копчето 31 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање/менување на листот за кружната пила
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.
Во никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
Бирање на листот за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното 14 и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното 14 активирајте
го само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Одвртете го 16 затезниот шраф 22 со инбус клуч во
правец на вртење .
Навалете ја наназад заштитната х
ауба со повратен
механизан 7 и држете ја цврсто.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
ЛЕД светло Капацитет
Трајно светло 3 x зелено 2/3
Трајно светло 2 x зелено 1/3
Трајно светло 1 x зелено <1/3
Трепкаво светло 1 x зелено Резерва
OBJ_BUCH-755-005.book Page 186 Tuesday, February 3, 2015 11:32 AM