operation manual

Македонски | 329
Bosch Power Tools 1 609 92A 25P | (11.12.15)
Првата измерена вредност ќе се прикаже горе на екранот, а
втората измерена вредност под неа. По завршување на третото
мерење пресметаната површина од двете претходни мерења ќе
се прикаже горе на екранот.
Крајниот резултат на мерењето на волумен стои долу на екранот,
а последната измерена вредност над него.
Едноставно мерење со користење на Питагора (види слика B)
Индиректното мерење на висини служи за соопштување на растојанија, кои не
треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема
целна површина како рефлектор на располагање. Точни резултати ќе се
постигнат дури откако точно ќе се задржи бараниот прав агол при односното
мерење (Питагорина теорема).
За еднократно Питагорино мерење притиснете повеќе пати на копчето 4 [Func]
додека на екранот
1
не се појави приказот за еднократно Питагорино мерење .
Внимавајте да има прав агол помеѓу бараната траса (висина) и хоризонталната
траса (длабочина)! На крај, измерете ја длабочината и дијагоналата едно по
друго како кај мерењето на должини. Помеѓу две мерења, ласерскиот зрак
останува вклучен. Трасата што треба да се измери трепка на приказот за
еднократно Питагорино мерење .
Првата измерена вредност ќе се прикаже горе на екранот.
По завршување на второто мерење висината автоматски ќе се
пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а
поединечните измерени вредности над него.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето за вклучување-исклучување 5 [] во сите
мерни функции може да ги избришете последно регистрираните измерени
вредности. Со повеќекратно притискање на копчето за вклучување-
исклучување 5 [ ] ќе се избришат измерените вредности по обратен
редослед.
Функции на меморијата
Приказ на зачуваната вредност
Може да се повикаат максимум 10 вредности (измерени вредности или крајни
резултати).
За приказ на меморираната вредност притиснете повеќе пати на копчето 4
[Func] додека на екранот 1 не се појави ознаката .
OBJ_DOKU-42361-002.fm Page 329 Friday, December 11, 2015 3:37 PM