operation manual

146 | Македонски
1 609 92A 110 | (16.12.14) Bosch Power Tools
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на дрво,
пластика, метал и градежни материјали со фиксирано
запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со
користење на соодветни биметални листови за пила,
возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на
препораките за листови за пилата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Лист на пилата*
2 Подеслива основна плоча
3 Прифат за листот за пилата
4 Чаура за блокирање на листот на пилата
5 Лост за подигање
6 Прекинувач за бирање на бројот на одови
7 Прекинувач за вклучување/исклучување
8 Копче за отклучување на батеријата
9 Батерија*
10 Рачка (изолирана површина на дршката)
11 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
12 Приказ за наполнетоста на батеријата*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-11.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 77 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Сабјеста пила GSA 18 V-LI
Број на дел/артикл
3 601 F4J 0..
Номинален напон
волти= 18
Број на удари во празен од n
0
–1. брзина
–2. брзина
min
-1
min
-1
0–2400
0–2700
Прифат на алатот
SDS
Контрола на бројот на вртежи
Удари
мм 28
макс. длабочина на резот
–во дрво
во челик, нелегиран
–дијаметар на цевката
мм
мм
мм
250
20
130
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
кг 3,2/3,4*
Дозволена температура на
околината
при полнење
при работа** и при
складирање
°C
°C
0...+45
–20...+50
Препорачани батерии
GBA 18 V...
Препорачани полначи
AL 18..
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
OBJ_BUCH-760-006.book Page 146 Tuesday, December 16, 2014 4:21 PM