User manual

Македонски | 195
Bosch Power Tools F 016 L81 238 | (7.10.15)
Не притискајте го копчето за
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Процес на полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија .
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на елементите на приказот
Брз трепкав зелен приказ за полнење на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот .
Напомена: Процесот на брзо полнење е возможен, само
доколку температурата на батеријата е во дозволените
граници на температура за полнење, види го делот
«Технички податоци».
Бавен трепкав зелен приказ за полнење на
батеријата
При наполнетост на батеријата од 80 %
бавно трепка зелениот приказ за полнење
на батеријата .
Батеријата може да се извади за користење.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на
приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната дозна
и полначот е подготвен за работа.
Траен црвен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира, дека
температурата на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење, види го делот
«Технички податоци». Веднаш штом се постигнат
дозволените граници на температура, полначот се
префрла автоматски на брзо полнење.
Трепкав црвен приказ за полнење на
батеријата
Кога трепка сијаличката црвено приказ за
полнење на батеријата сигнализира друг
проблем при полнењето, види го поглавието
«Отстранување грешки».
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Совети за работа
Функција на сечилото
Иако отворите на запците се од Ø 20 mm, овозможено е
врвот на запците да биде до Ø 25 mm.
Анти-блок механизам
Ако сечилото дојде во допир со тврд материјал,
оптоварувањето на моторот се зголемува. Интелигентна
микро електроника го евидентира оптоварувањето и
неколку пати ја менува насоката на вртење на моторот.
Тоа може да се слушне и трае 3 секунди.
Откако ќе го пресече тврдиот материјал, машината
продолжува да работи нормално, или сечилото застанува
(на пример во случај метален предмет да ја блокирал
машината).
Отстранување грешки
Во следната табела се наведени симптомите на евентуалните проблеми, можните причини и како тие да се отстранат, во
случај Вашата машина да не работи како што треба. Доколку не го пронајдете Вашиот проблем во табелата, обратете се
во овластен сервис.
Внимание: Исклучете ја машината и извадете ја батеријата пред да ја прегледувате или чистите машината.
ВНИМАНИЕ
Проблем Можна причина Решение
Косачката не работи Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете
во «Забелешки за полнење»
Безбедносниот прекинувач не е соодветно
активиран
види «Почетни подготовки»
OBJ_BUCH-2506-001.book Page 195 Wednesday, October 7, 2015 10:02 AM