User Manual

234 | Македонски
F 016 L81 756 | (25.7.17) Bosch Power Tools
Монтажа и користење
Вклучување
За Ваша безбедност
Внимание! Исклучете ја косачката, извадете го
клучот за изолација и батеријата пред секое
прилагодување или чистење. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
По исклучувањето на косачката, сечилата вртат
уште неколку секунди.
Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
Полнење на батеријата
Не употребувајте друг полнач. Приложениот полнач е
наменет за литиум-јонската батерија што се наоѓа во
оваа косачка.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полне
њето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна косачката престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: сечилата не се вртат.
Не притискајте го копчето за
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Брзо полнење
Брзото полнење се сигнализира со трепкање на зелениот
лед сигнал.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на
полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго
и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета,
доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу
5 минути откако ќе се наполни целосно батеријата, трите
зелени LED светла повторно се гасат.
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види ги «Техничките
податоци».
Батеријата е полна
Постојано светење на зелениот лед сигнал
сигнализира дека батеријата е сосем полна.
Потоа за времетраење од околу. 2 секунди се огласува
сигнал, кој акустично ја сигнализира целосната
наполнетост на батеријата.
Конечно батеријата може веднаш да се употреби.
Доколку батеријата не е во полначот, постојаното
светење на зелениот лед сигнал, сигнализира дека
полнашот е вклучен во утикач и дека е спремен за
употреба.
Цел на користењето Слика Страна
Обем на испорака 1 295
Монтажа на рачката
2 296
Склопување на корпата за трева
Монтирање и отстранување на
корпата за трева
3 296297
Полнење на батеријата
4 297
Вменетнување на батеријата
5 297
Ставање на клучот за изолација и
склопување во позиција за
складирање
6 298
Регулирање на висината на косење
7 298
Вклучување
8 298299
Совети за работа 9 299
Гасење, Прекин на напојувањето со
струја:
10 299300
Вадење на батеријата
11 300
Одржување на сечилата 12 300
Бирање на опрема
13 301
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
ВНИМАНИЕ
OBJ_BUCH-1954-007.book Page 234 Tuesday, July 25, 2017 11:22 AM