User Manual

Table Of Contents
154 | Македонски
Примена/материјал Абразиви Степен на број на
вртежи
Измазнување на дрвената површина пред
бајцување
Меѓубрусење на лакирани површини и брусење на
претходен лак
Меѓубрусење на лакирани површини на рабовите
P220–P280 1–3
Фино брусење
Брусење на дрво
Брусење на масивно дрво и рабови на фурнир
P150–P180 4–6
Брусење на лакирани бојадисани површини и
рабови
P240–P320 1–3
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
u Електричниот алат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
За да може неуморно да работите, во зависност од
употребата, може да го држите електричниот алат од
горната страна, странично или од напред (види сликаG).
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на осцилации и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на
степенот на број на осцилации може да го намалите
бројот на осцилации на брусниот диск, при што се
задржува ексцентричното движење.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте
електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ
делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
1 609 92A 5MG | (10.11.2020) Bosch Power Tools