User Manual

90 | Македонски
1 609 92A 2PR | (9.6.16) Bosch Power Tools
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмуку-
вање прав, осигурете се дека тие правилно се при-
клучени и прикладно се користат. Користењето на
вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соод-
ветниот електричен апарат за Вашата работа. Со
соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и
посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените постав-
ките на уредот, да ги замените деловите или да го
тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупреду-
вање го спречуваат невнимателниот старт на елек-
тричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните
апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го
користат лица кои не се запознаени со него или не ги
имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати
се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внима-
телно одржуваните алати за сече
ње со остри рабови за
сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се
работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени карактеристични за
уредот
Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици за време на работата и
особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите или да го оштетите струјниот кабел.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбед-
носните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без
деформација на материјалот и е погоден за прави резови,
изрези и тесни криви.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Преклопна навртка за матрицата
3 Шраф за затворање за матрицата
4 Матрица
5 Втиснувач
6 Шуплив шраф за прицврстување на втиснувачот
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 82 dB(A); ниво на звучна јачина
93 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
a
h
= 11 m/s
2
, K< 1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
OBJ_BUCH-236-004.book Page 90 Thursday, June 9, 2016 1:42 PM