User manual

Македонски | 185
Bosch Power Tools 3 609 929 C68 | (11.9.13)
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Зашрафете ја затезната навртка 16 и затегнете ја со клуч
со два отвори 18.
Внимавајте на тоа, обрачот на затезната навртка 16 да
покажува нанадвор како што е прикажано на сликата.
По монтажата на дијамантската лончеста плоча,
пред вклучувањето, проверете дали дијамантската
лончеста плоча е точно монтирана и дали може
слободно да се врти. Проверете дали дијамантската
лончеста плоча стрчи на заштитната или хаубата за
вшмукување или другите делови.
Менување на дијамантска лончеста плоча
При транспорт на електричниот апарат треба да ја
извадите дијамантската лончеста плоча 15, за да ги
избегнете оштетувањата на плочата.
Не ја допирајте дијамантската лончеста плоча, пред
да се олади. Дијамантските лончести плочи за време
на работењето стануваат многу жешки.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состо
јба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Олабавете ја затезната навртка 16 со клучот со два отвори
18 и отшрафете ја затезната навртка. Извадете ја
дијамантската лончеста плоча 15.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без
користење на други алати, наместо стезната навртка 16
може да употребите брзозатезна навртка 17.
Користете само беспрекорни, неоштетени
брзозатезни навртки 17.
При зашрафувањето внимавајте на тоа, страната со
натпис на брзозатезната навртка 17 да не покажува
кон дијамантската лончеста плоча; стрелката мора
да покажува на ознаката 19.
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното
9, за да го зацврстите
вретеното за брусење. За
да ја зацврстите
брзозатезната навртка,
силно завртете ја
дијамантската лончеста
плоча во правец на
стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената,
неоштетена брзозатезна
навртка може да ја
олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец
спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто
затегнатата брзозатезна навртка не ја одвртувајте со
клешти, туку употребете клуч со два отвори 18.
Вшмукувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
За да постигнете висок степен на вшмукување на
прав, користете го вшмукувачот GAS 50 MS за
минерална прав заедно со електричниот апарат.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
Поставете црево за вшмукување 10 (опрема) на
млазниците за вшмукување 8. Цревото за вшмукување 10
поврзете го со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за
приклучувањ
е на вшмукувач за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Напомени за примена на брусилките за бетон
Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите
емисијата на прав за време на работата.
Користете само препорачани комбинации од Bosch за
дијамантски лончести плочи, брусилки за бетон со
монтирана заштитна и хауба за вшмукување како и
вшмукувач од класата на прав М. Другите комбинации
може да доведат до лошо собирање и раздвојување на
правта.
Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот
за одржување и чистење на истиот, заедно со
филтерот. Испразнете го садот за собирање прав,
веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го
филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно
вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
Користете само црева за вшмукување препорачани од
Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга
намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за
вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш
да ги извадите од цревото за вшмукување.
Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
Користете ја брусилката за бетон исклучиво за
предвидената намена.
Внимавајте на општите барања на работните места на
градилиштата.
Погрижете се за добра вентилација.
19 17
OBJ_BUCH-2019-001.book Page 185 Wednesday, September 11, 2013 9:22 AM