User Manual

Table Of Contents
214 | Македонски
Аголна брусилка GWX 9-115 GWX 9-115 S GWX 9-125 S GWX 9-125
Класа на заштита
/ II / II / II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 93 dB(A);
ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN60745-2-3:
Брусење на површини (груба обработка):
a
h
=6,5 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
,
Брусење со брусен лист:
a
h
=6,0 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
Ставете го заштитниот
капак (7) на прифатот од
електричниот алат, додека
кодираните запци на
заштитниот капак не се
поклопат со прифатот.
Притоа, притиснете го и
држете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (7) на грлото на
вретеното додека венецот
на заштитниот капак не
легне на прирабницата на
електричниот алат и
вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се
вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (7) според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го
заштитниот капак (7) во саканата позиција.
u Секогаш поставувајте го заштитниот капак (7) така
што сите 3 црвени запци на лостот за отклучување
(1)ќе влезат во соодветните отвори на заштитниот
капак (7).
u Поставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
u Заштитниот капак (7) смее да се врти само со
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (7)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
u При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(9).
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (9) се монтира како
заштитна хауба за брусење (7).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (18) се
монтира како заштитна хауба за брусење (7).
1 609 92A 4FA | (21.01.2019) Bosch Power Tools