User Manual

226 | Македонски
1 609 92A 2P4 | (12.4.16) Bosch Power Tools
Вртење на погонската глава
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Погонската глава може
да ја вртите на 90°-
нивоа. Притоа,
прекинувачот за
исклучување/вклучува
ње може да се постави
во поповолна позиција
при изведување на
посебни случаи на
работа, на пр. сечење
со хауба за
вшмукување со
лизгачка водилка 21
или за левораки лица.
Отшрафете ги целосно 4 шрафа. Внимателно навалете ја
погонската глава и без да ја извадите од куќиштето
ставете ја во нова позиција. Повторно зашрафете ги
рафа.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материј
алот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот апарат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат
со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со
соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење
на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучувањ
е/исклучување
4 и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 4 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 4 понапред.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 и потоа ослободете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада
(во зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклу
чување
4 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Исклучување при повратен удар
При ненадеен пад на бројот на вртежи, на
пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски
ќе се прекине.
За повторно вклучување прекинувачот
за вклучување/исклучување 4 ставете го
во положба Исклучено и одново вклучете
го електрич
ниот апарат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
OBJ_BUCH-165-009.book Page 226 Tuesday, April 12, 2016 2:31 PM