User Manual

222 | Македонски
1 609 92A 2CC | (30.9.16) Bosch Power Tools
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја стезната навртка 12 и затегнете ја со
клуч со два отвора, видете во делот „Брзозатезна
навртка“.
По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница 10 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница
10 мора да се замени пред
понатамошна употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
17.
Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск 18 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 17.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Напомена: Мора да сметате на зголемена употреба на
сила при олабавување на тркалезната навртка 20.
Лончеста четка/плочеста четка
При работењето со лончеста четка или плочеста
четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките
17.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на
вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата
четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Напомена: Мора да сметате на зголемена употреба на
сила при олабавување на брусниот алат.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min
-1
] одн. периферната
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи
односно периферната брзина на етикетата на алатот за
брусење.
Вртење на главната рачка
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Главната рачка 26 може да се врти за 90° налево или
надесно кон куќиштето на моторот. Притоа, прекинувачот
за исклучување/вклучување може да се постави во
поповолна позиција при изведување на посебни случаи на
работа, на пр. сечење со хауба за вшмукување со лизгачка
водилка 22 или за левораки лица.
Извлечете ја деблокадата на дршката 27 во правец на
стрелката и истовремено вртете ја главната рачка 26 во
саканата позиција, додека не се вклопи.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
макс.
[mm] [mm]
D b d [min
-1
] [m/s]
180
230
8
8
22,2
22,2
8500
6500
80
80
180
230
––
8500
6500
80
80
100 30 M 14 8500 45
D
D
b
d
27
26
OBJ_BUCH-769-010.book Page 222 Friday, September 30, 2016 11:20 AM