User Manual

Table Of Contents
296 | Македонски
За да ја извадите батеријата (7) притиснете на копчињата
за отворање (8) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и
на корисничкиот интерфејс (4) (види „Прикази за
состојба“, Страница300).
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3× зелено 60−100%
Трајно светло 2× зелено 30−60%
Трајно светло 1× зелено 5−30%
Трепкаво светло 1× зелено 0−5%
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки Капацитет
Трајно светло 5× зелено 80−100 %
Трајно светло 4× зелено 60−80 %
Трајно светло 3× зелено 40−60 %
Трајно светло 2× зелено 20−40 %
Трајно светло 1× зелено 5−20 %
Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %
Монтирање на заштитен уред
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
Ставете го заштитниот
капак (10) на прифатот од
електричниот алат, додека
кодираните запци на
заштитниот капак не се
поклопат со прифатот.
Притоа, притиснете го и
држете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (10) на грлото на
вретеното додека венецот
на заштитниот капак не
легне на прирабницата на
електричниот алат и
вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се
вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (10) според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го
заштитниот капак (10) во саканата позиција.
u Секогаш поставувајте го заштитниот капак (10)
така што сите 3 црвени запци на лостот за
отклучување (1)ќе влезат во соодветните отвори на
заштитниот капак (10).
u Поставете ја заштитната хауба (10) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
u Заштитниот капак (10) смее да се врти само со
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (10)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
u При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(12).
u При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (12) се монтира како
заштитна хауба за брусење (10).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (22) се
монтира како заштитна хауба за брусење (10).
Дополнителна рачка
u Користете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (9).
Навртете ја дополнителната рачка(9) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
1 609 92A 5RL | (19.06.2020) Bosch Power Tools