User Manual

Table Of Contents
Македонски | 297
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите овозможува
работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
u Во никој случај не ја менувајте дополнителната
рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.
Заштита за дланките
u За работење со гумен диск за брусење (17)или со
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(16).
Зацврстете ја заштитата за рацете (16) со
дополнителната рачка (9).
Монтирање и демонтирање на брусни алати
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
u Користете само оригинални X-LOCK-алати за
вметнување што го имаат логото X-LOCK. Само со
оригинални X-LOCK-алати за вметнување се гарантира
дека ќе се одржи дебелината на стегање од макс.
1,6mm. Поголема дебелина на стегање може да
доведе до небезбедно стегање, по што може да се
олабави стегата.
u За X-LOCK-алатите за вметнување не требаат стезна и
потпорна прирабница.
u Внимавајте на тоа да не се деформираат алатот што се
вметнува и прифатот и да нема нечистоти и други
честички на нив.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Проверете дали двете X-LOCK-резиња за вклопување се
отворени (види следна слика), пред да се монтира X-
LOCK-алатот за вметнување.
Ев. исчистете го делот меѓу двете X-LOCK-резиња за
вклопување.
Монтирање на алатот за брусење
Поставете ја брусната плоча/брусната плоча за
сечење/ламелестата брусна плоча центрирано и
паралелно со површина на налегнување и со точната
страна нагоре на X-LOCK-прифатот.
Притиснете ја подлошката во правец на прифатот.
Се слуша кога подлошка ќе се вклопи. Притоа не ја
притискајте рачката (3).
(3)
u По монтажата проверете работ на алатот за
брусење (
) да не е повисок од референтната
површина (
) и со тоа правилно да се монтира. Ако
работ е повисок, мора да се исчисти прифатот или
на алатот за брусење веќе да не се користи.
Пред демонтажата на брусната плоча/брусната плоча
за сечење/ламелестата брусна плоча: Проверете дали
електричниот алат е во мирување.
Демонтирање на алатот за брусење
Отворете ја рачката (3).
Брусната плоча/брусната плоча за сечење/
ламелестата брусна плоча се олабавува.
Брусната плоча/брусната плоча за сечење/
ламелестата брусна плоча може да се извади.
(3)
(3)
Лончести/плочести четки и влакнести дискови
u При работење со лончеста/плочеста четка или
влакнест диск секогаш монтирајте ја заштитата за
рацете (16).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За демонтажа отворете ја рачката (3) и извадете го алатот
за вметнување.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5RL | (19.06.2020)