User Manual

168 | Македонски
1 609 92A 342 | (14.12.16) Bosch Power Tools
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како фиксиран уред, е наменет за
изведување на агли со косо сечење 45° со помош на
должински и напречни резови со брусната плоча за
сечење со прав тек на резот во метални материјали без
користење на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Дршка
4 Заштитна хауба со повратен механизам
5 Блокада за вретеното
6 Брусна плоча за сечење
7 Аголен граничник
8 Вретено за фиксирање
9 Брзо отклучување
10 Дршка за вретеното
11 Отвори за монтажа
12 Основна плоча
13 Шраф за фиксирање за аголниот граничник
14 Прстенест клуч (15 мм; 13 мм)
15 Транспортен осигурувач
16 Граничник за длабочина
17 Рачка на апаратот
18 Транспортна дршка
19 Заштитна хауба
20 Плех за заштита од искри
21 Вретено на алатот
22 Стезна прирабница
23 Подлош
ка
24 Шестаголен шраф
25 Контра-навртка на граничникот за длабочина
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 61029-2-10.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 100,5 dB(A); ниво на звучна
јачина 113,5 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 61029:
a
h
=2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 61029 и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптоварувањето со вибрации.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни ракавици.
Ознака Значење
Брусилка за сечење со брусни
плочи
GCO 2000
Број на дел/артикл
3 601 L17 ...
... 20.
... 27.
... 26.
Номинална јачина
W 2000 1650
Број на празни вртежи
min
-1
3500 3500
Фин старт
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014 кг 18,0 18,0
Класа на заштита
/II /II
Дозволени димензии за делот што се обработува
(максимални/минимални) види страна 171.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Димензии за соодветни брусни плочи за сечење
макс. дијаметар на брусните плочи за сечење
мм 355
макс. дебелина на брусните плочи за сечење
мм 3
Дијаметар на отворот
мм 25,4
OBJ_BUCH-3061-001.book Page 168 Wednesday, December 14, 2016 1:05 PM