User Manual

Македонски | 263
Bosch Power Tools 1 609 92A 2NV | (8.12.16)
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 14.
–Вметнете ја столарската стега 29 во отворите
предвидени за таа намена 36.
Прилагодете ја прачката со навој 49 на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
Затегнете ја прачката со навој 49 и со неа фиксирајте го
делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
Проверка на основните поставки и подесување“,
страна 265).
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика I)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 24:
Отпуштете го копчето за фиксирање 20, доколку е
затегнато.
Повлечете го лостот 21 и свртете ја масата за пила 15 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика J)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
Отпуштете го копчето за фиксирање 20, доколку е
затегнато.
Повлечете го лостот 21 и истовремено притиснете ја
стегата за фиксирање 19 додека таа не се вклопи во
жлебот предвиден за таа намена.
Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
–Вртете ја масата за пила 15 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 23 не го покаже
саканиот агол на закосување.
За агли на закосување над 45 °:
Целосно извлечете ги продолжетоците на масата за
пила 13 кон надвор (види „Продолжување на масата за
пилата“, страна 262).
Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 20.
За повторно да го олабавите лостот 21 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Стегата за фиксирање 19 скокнува назад во
првобитната позиција и лостот 21 може повторно да се
вклопи во жлебовите 24.
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
Поставување на стандардниот агол на закосување
(види слика K)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 45°,
22,5° и 33,9°.
Олабавете го затегнувачкиот лост 41.
Поставете ги граничниците 30 или 44 како што следува:
Навалете ја рачката на апаратот на дршката 8 во
саканата позиција.
Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 41.
Поставување на вертикален агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од –2° до +4.
Олабавете го затегнувачкиот лост 41.
–Свртете го граничникот 30 сосема наназад и извлечете
го граничникот 44 сосема нанапред.
Со тоа целото поле на вртење/навалување е на
располагање.
–Рачката на апаратот навалете ја на дрш
ката 8 додека
показателот на агли 43 не го прикаже саканиот агол на
закосување.
Држете го кракот на алатот во оваа позиција и повторно
затегнете го затегнувачкиот лост 41.
0°– 4 4
(десно)
Извадете ја завртката за
блокада 28.
Целосно извлечете ја
граничната водилка 27
нанадвор.
Подигнете ја подесливата
гранична водилка нагоре.
лево десно
45° 31,6° 22,5° 15° 15° 22,5° 31,6° 45° 60°
Агол на косо сечење
вертика-
лно
хоризон-
тално
Агол на
косо сечење
Граничник Поставка
44 Притиснете го
граничникот сосема
наназад
45° 30 Свртете го граничникот
сосема нанапред
22,5° 30 Свртете го граничникот
во средина
33,9° 30 Свртете го граничникот
наназад
OBJ_BUCH-1736-005.book Page 263 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM