User Manual

264 | Македонски
1 609 92A 2NV | (8.12.16) Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување (види слика L)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба повлечете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 во правец на дршката 8.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на прекинувачот за блокада 9 кракот
на алатот може да се спушти надолу.
За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклу
чување/исклучување 7, мора да
го притиснете прекинувачот за блокада 9.
Исклучување
За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Означување на линијата на сечење (види слика M)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
40.
Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: П
ред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот“, страна 265). Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика N)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
29 лево или десно на листот на пилата): 100 x 40 мм
(должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 мм
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување 18 може да го истрошат
електричниот уред по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
Одвртете ги завртките 50 со инбус клуч (4 mm) и
извадете ги старите плочи за вметнување.
Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
Прицвртете ја плочата за вметнување со завртките 50
што е можно подесно, така што по целата должина на
можното повлекување листот за пилата нема да доаѓа
во контакт со плочата за вметнување.
Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева
плоча за вметнување.
Сечење
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 20
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 33,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 14 и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање 33.
По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
–Вклучете го електричниот апарат.
Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
–Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
Агол на косо сечење Висина x
ширина [мм]
хоризонтално вертикално
70 x 312
45° (лево/десно) 0°
70 x 225
4
45 x 312
45° (лево) 45°
45 x 225
45° (десно) 45°
45 x 225
OBJ_BUCH-1736-005.book Page 264 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM