User manual
Македонски | 299
Bosch Power Tools 1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 9 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 12
надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач 9.
–Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 9.
–Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
–Олабавете ја завртката за фиксирање 6, доколку истата
е затегната. Извлечете го кракот на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете ја завртката за подесување 40 сосема нагоре.
– За фиксирањ
е на масата за пила 19 затегнете го
копчето за фиксирање 22.
– Притиснете го лостот за фиксирање 13 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 12.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 9 може да се притисне
навнатре.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 28.
–Олабавете ја завртката за затворање 17.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 28 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно затегнете ја завртката за затворање 17.
Поместување на граничната водилка (види слика G)
При сечење на вертикални агли на закосување, во
зависност од правецот на сечење, морате да ја извлечете
нагоре одн. сосема да ја отстраните левата или десната
подеслива шина со граничник 2.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика H)
За овозм
ожување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната
водилка 2 и 1.
– Вметнете ја столарската стега 39 во отворите
предвидени за таа намена 30.
–Олабавете ја пеперутка-завртката 51 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Затегнете ја прачката со навој 50 и со неа фиксирајте го
делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување“,
страна 302).
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика I1)
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови 26:
–Отпуштете го копчето за фиксирање 22, доколку е
затегнато.
–Повлечете го лостот 23 и свртете ја масата за пила 19 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Подрачје на аголот на
закосување
–2°... 40° лево – Олабавете ја завртката за
блокада 37.
– Целосно извлечете ја
граничната водилка 2
нанадвор.
–2°... 35° десно
>40° лево – Олабавете ја завртката за
блокада 37.
– Целосно извлечете ја
граничната водилка 2
нанадвор.
– Подигнете ја подесливата
гранична водилка нагоре.
>35° десно
лево десно
0°
15°; 22,5°;
31,6°; 45°
15°; 22,5°;
31,6°; 45°; 60°
OBJ_BUCH-2301-002.book Page 299 Monday, December 22, 2014 10:15 AM