User manual

Македонски | 303
Bosch Power Tools 1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Поставување на паралелност: (види слика S3)
Извадете ги четирите завртки 59 на капакот за заштита
на ласерот 14 со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на
капакот за заштита на ласерот, мора да ја навалите
осцилаторната заштитна хауба наназад.
–Олабавете ја завртката за прицврстување 60 (околу
1–2 вртења) со внатрешниот шестаголен клуч (2 mm)
58.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
–Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци не дојдат паралелно
по целата должина на исцртаната линија за сечење на
делот за обработка.
Држете ја монта
жната плоча на ласерот во оваа
позиција и повторно затегнете ја завртката за
прицврстување 60.
–По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување 57 .
Повторно прицврстете го капакот за заштита на ласерот
14.
Поставување на страничното отстапување при
движење на рачката на алатот: (види слика S4)
Извадете ги четирите завртки 59 на капакот за заштита
на ласерот 14 со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на
капакот за заштита на ласерот, мора да ја навалите
осцилаторната заштитна хауба наназад.
–Олабавете ги двете завртки за прицврстување 61
(околу 12 вртења) со внатрешен шестаголен клуч
(2 mm) 58.
Не ги одвртувајте целосно завртките.
–Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на кракот на алатот, пове
ќе не отстапуваат
странично.
–По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување 57 .
Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување 61.
Повторно прицврстете го капакот за заштита на ласерот
14.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
–Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 26 за 0°. Лостот
23 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика T1)
Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 48.
Поставување: (види слика T2)
–Олабавете го затегнувачкиот лост
7.
Притиснете го граничникот 44 сосема наназад.
–Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
62 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 7.
Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 62.
Доколку показателот на агли 43 и 5 по подесувањето не е
во линија со 0°-ознаките на скалата 4, олабавете ги
завртките за подесување на показателот на агли со
крстест одвртувач и израмнете го показателот на агли по
должина на 0°-ознаките.
Поставка на стандарден агол на закосување 45°
(лево, вертикално)
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
–Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 26 за 0°. Лостот
23 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка“,
страна 299).
Свртете го левиот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
–Олабавете го затегнувачкиот лост 7.
Навалете го кракот на алатот на дршката 12 налево,
додека завртката-граничник 63 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика U1)
Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 48.
Поставување: (види слика U2)
–Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
63 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 7.
Потоа повторно затегнете
ја контра-навртката на
завртката-граничник 63.
Ако показателот на агли 43 и 5 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 4 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
OBJ_BUCH-2301-002.book Page 303 Monday, December 22, 2014 10:15 AM