User Manual

Македонски | 157
Bosch Power Tools 1 609 92A 0PT | (19.8.14)
Не работете со електричниот апарат во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или
прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја
запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на
користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го
попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на
приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не
смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер
заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од
електричен удар.
Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на
цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен
ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува
ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите
електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете
приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана
од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти
на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено,
користете само продолжен кабел што е погоден за користење
на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен
кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна
околина не може да се избегне, користете заштитен уред со
диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со
диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 157 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM