User Manual

160 | Македонски
1 609 92A 0PT | (19.8.14) Bosch Power Tools
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди
и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски
спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или
други мали метални предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на
батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата.
Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт
со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност
од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде
извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и
само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој
начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за батериски пневматски уреди
со муниција
Појдете секогаш од тоа, дека електричниот апарат секогаш
мора да има муниција. Невнимателното ракување со
пневматскиот уред со муниција може да доведе до неочекувано
исфрлување на муницијата и да ве повреди.
Не го усмерувајте електричниот апарат кон себе или кон други
лица во близина. При неочекувано активирање на апаратот ќе се
исфрли иглица, што може да доведе до повреда.
Не го користете електричниот апарат, пред добро да го
зацврстите на делот што се обработува. Доколку електричниот
апарат нема контакт со делот што се обработува, хефт иглицата
може да се одбие од местото на зацврстување.
Доколку се заглави хефт иглицата во електричниот апарат,
исклучете го од мрежа или извадете ја батеријата. Доколку
пневматскиот уред со муниција е приклучен, при вадењето на
заглавената хефт иглица би можел несакајќи да се вклучи.
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 160 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM