User Manual

Македонски | 163
Bosch Power Tools 1 609 92A 0PT | (19.8.14)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за хефтање на материјали, кожа, картон, фолии,
изолационен материјал и сличен материјал на мека подлога, на пр.
дрво или материјал сличен на дрво. Уредот не е наменет за
зацврстување на ѕидни и тавански облоги.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
електричните апарати на графичката страница.
1 Клун за хефтање
2 Приказ за наполнетоста на батеријата
3 Дршка
4 Отвор за приклучокот за полнење
5 Чкрапало
6 Механизам за отклучување на муницијата
7 Приказ за дополнување
8 Приклучок за полнење на полначот
9 Ленти со хефт иглици*
10 Магацин
11 Хефталка за хартија*
12 Хефталка за брошури*
13 Заштитен држач
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем
на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма
за опрема.
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 163 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM