User Manual

164 | Македонски
1 609 92A 0PT | (19.8.14) Bosch Power Tools
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со
EN 60745-2-16.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично
изнесува 76 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и
80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Максималните вредности на осцилација a
h
и несигурност K се дадени
според EN 60745:
a
h
<2,5m/s
2
, K= 1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со
нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за
меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се
прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за
други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува
нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да
се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај
работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да
го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на
корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги
внимателно електричните апарати и алатот за вметнување,
одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на
работата.
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 164 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM