User Manual

Македонски | 167
Bosch Power Tools 1 609 92A 0PT | (19.8.14)
По автоматското исклучување на
електричниот апарат, не притискајте на
чкрапалото. Батеријата може да се оштети.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана подолго време,
полната јачина ја достигнува по околу 5 циклуси на полнење и
празнење.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 2 за време на
работата свети црвено, батеријата има помалку од 30% од нејзиниот
капацитет и треба да се наполни.
Ставете го струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и
приклучокот за полнење 8 во отворот 4 на задната страна од
дршката.
Приказот за наполнетост на батерија 2 го покажува напредокот на
полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка
зелено. Доколку приказот свети непрекинато зелено батеријата е
целосно наполнета.
Напомена: Електричниот апарат не може да се користи за време на
процесот на полнење; тој не е дефектен, доколку за време на
процесот на полнење не функционира.
За време на процесот на полнење, дршката на електричниот апарат
се затоплува. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Заштитете го полначот од влага!
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
црвено зелено
Значење
Полнење на
батеријата
Батеријата се полни
Батеријата е наполнета
Употреба
Батеријата е наполнета над
30% од нејзиниот капацитет
Батеријата има помалку од
30% од нејзиниот капацитет
и треба да се наполни
Трепкање Непрекинато светење
ВНИМАНИЕ
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 167 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM