User Manual

Македонски | 169
Bosch Power Tools 1 609 92A 0PT | (19.8.14)
Внимателно поставувајте го клунот за хефтање 1. Меките делови за
обработка (на пр. борово дрво) може да се оштетат доколку се
употреби преголем притисок.
Опрема за хефтање на хартија
Со користење на специјалната опрема, батериската пневматска
хефталка може да се искористи за хефтање на хартија.
Опремата е прилагодена само за PTK 3,6 LI.
–Со хефталката за хартија 11 може да захефтате до 60 листови.
–Со хефталката за брошури 12 може да захефтате до 30 листови
во средината со две хефт-иглици за една брошура. Максималниот
формат за листовите што треба да се захефтаат е DIN A4 (210 мм
ширина). За хефтање на средината на листовите во DIN A5-формат
постојат ознаки.
Напомена: Хефт-иглиците на пневматската хефталка се постабилни
отколку вообичаените комерцијални хефт-иглици за хефталки и
поради тоа може тешко да се отстранат од хартијата.
Користете само оригинална Bosch опрема. Прецизните делови
на пневматската хефталка како магацинот, делот за туркање и
каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците на Bosch.
Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и
димензии.
Хефтање на хартија (погледнете ги сликите C1C2)
Ставете го внатре соодветниот сет на хефт-иглици 9 .
Притиснете ги едно по друго клуновите на хефталката за хартија 11
во страничните отвори на електричниот апарат.
Ставете го купот хартија во хефталката за хартија 11 и
позиционирајте го клунот за хефтање над хартијата на местото каде
треба да се хефта.
Препорачана должина
на хефт-иглиците
Број на листови (80 г/м
2
хартија)
Хафталка за
хартија
Хефталка за
брошури
4мм 2–10 2–10
6мм 2–20 2–20
8мм 10–40 10–30
10 мм 2060 2030
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 169 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM