User Manual

Македонски | 171
Bosch Power Tools 1 609 92A 0PT | (19.8.14)
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете
го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните
делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе
најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку
имате прашања за нашите производи и опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни
материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен
транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните
напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката
на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено.
Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој
начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални
прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите
треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта
за ѓубре!
OBJ_BUCH-1434-005.book Page 171 Tuesday, August 19, 2014 2:37 PM