User Manual

Table Of Contents
Македонски | 171
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата притиснете на копчињата за
отклучување батеријата и извлечете ја наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (13) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (14) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3 x зелено ≥ 66%
Трајно светло 2 x зелено 33 – 66%
Трајно светло 1 x зелено 11 – 33%
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10%
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна
температура од –30 до +65°C и/или реагира
заштитата од преоптоварување.
Промена на алат
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот за
алат (2). Алатот за вметнување се задржува во прифатот
за алат.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат
(2).
Монтирање на додатокот (види слика B)
Извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го додатокот во прифатот за алат (2). Се слуша
кога додатокот се вклопува.
Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.
Вметнете го алатот за вметнување во додатокот (види
слика C)
Вметнете го алатот за вметнување до крај во додатокот.
Алатот за вметнување се задржува во додатокот со
помош на магнет.
Држач за завртување (види слика D)
Со држачот за завртување (16) се стабилизираат
завртките, така што може полесно да се вметнат на делот
што се обработува.
Извадете го алатот за вметнување.
Вметнете го држачот за завртување на прифатот за алат
(2), додека не се слуша дека се вклопи. притиснете го
магнетното капаче (15) до крај во правец на
електричниот алат.
Потоа вметнете го битот за завртување (20) на држачот
за завртување (16) и извлечете го магнетното капаче
нанапред преку битот за завртување.
Ставете завртка на битот за завртување.
Додаток на стезна глава (види слика E)
Отворете го додатокот за стезна глава (18) со завртување
во правец , додека не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот на стезната глава (18) свртете ја
цврсто со рака во правец . Со тоа, главата за дупчење
автоматски се заклучува.
Вртење на додатокот (види слика F)
Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот
алат и потоа додатокот од прифатот на алатот (2).
Завртете го додатокот во саканата позиција и потоа
повторно вметнете го.
Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.
Демонтирање на додатокот (види слика G)
Извадете го алатот за вметнување.
Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот
алат и извлечете го додатокот од прифатот на алатот (2).
Комбинирање на додатоци (види слика H)
Извадете го алатот за вметнување.
Прикачете го аголниот додаток (17) на прифатот на
алатот (2).
Со влечење проверете дали е зацврстен аголниот
додаток (17).
Прикачете го додатокот на стезната глава (18) на
аголниот додаток (17).
Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот на
стезната глава (18).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5W6 | (31.07.2020)