User Manual

140 | Македонски
1 619 92A 06T | (17.12.13) Bosch Power Tools
Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот апарат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен апарат
може да доведе до несреќен случај.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода
или влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварува
ње.
Кори
стете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред. При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или
непознати производители, постои опасност од повреди
како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Проверете дали батеријата е правилно поставена.
Има два степени на заклучување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака Значење
GBH 18 V-EC: Чекани за дупчење
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата.
Носете заштитни ракавици
Носете заштита за слухот
Носете заштитни очила
Правец на движење
Правец на реакција
Следен чекор на акција
Дупчење без удари
Дупчење со чекан
Длетување
Зашрафување/одвртување
Тек десно/лево
Vario-Lock систем
Вклучување
OBJ_BUCH-1644-002.book Page 140 Tuesday, December 17, 2013 2:43 PM