Instructions

Table Of Contents
Македонски | 149
Пумпа за дождовница GardenPump18V-2000 (Pump Only)
максимална температура на водата
°C 35
Номинален напон V 18
Степен на заштита од вода под притисок IPX8
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,8
Сериски број Видете ја плочката со податоци на
апаратот
Монтажа
Прицврстување на држачот за зид / буре
(види сликаB)
Прицврстете го држачот за зид (3) покрај бурето за вода.
Внимавајте на тоа дека растојанието до борето за вода е
ограничено поради должината на приклучниот кабел.
Растојанието до бурето со висината на бурето не смее да
биде поголемо од должината на кабелот.
При монтажата на ѕид, користете ја мустрата за дупчиња,
за да ги означите позициите на шрафовите на ѕидот.
Ако немате можност да монтирате на ѕид, испорачаниот
држач за буре (1) може да се прицврсти дирекно на
ивицата на бурето.
Совет: При повишена температура, термостатот ја
исклучува работната единица. Затоа, држачот на
единицата треба бездруго да биде монтиран во сенkовито
место.
Вклучување на работната единица (види
сликаJ)
Во случај на држач за ѕид, извадете ја сигурносната
завртка (2) од држачот за ѕид, закачете ја работната
единица горе на држачот за ѕид и прицврстете ја оддолу
со сигурносната завртка (2).
Во случај на држач за буре, закачете ја работната
единица на држачот.
Одредување на потребната должина на
кабелот и цревото за поврзување (види
сликаC)
Совет: Ставете ја пумпата околу 50mm над дното на
бурето, освен пред складирање, што може да ја оштети
пумпата.
Измерете ја висината Х и дијаметарот Д на бурето како и
растојанието на местото на монтажа на работната
единица Е.
Должината на кабелот L
1
ќе ја пресметате по следнава
формула:
H + D + E – 250mm
Должината L
2
на цревото на поврзување ќе ја пресметате
по следнава формула:
H – 130mm
Одмотување на кабелот и продолжување на
цревото за поврзување (види сликаD)
Намотајте го вишокот кабел околу пумпата(11) и
прицврстете го на дадената клема(9).
Извадете го овоздушувачот за цревото(5) со цревото за
поврзување од фиксаторот на водилката за цревото (4).
Пресечете го цревото за поврзување на должина L
2
, и
монтирајте го приклучокот со овоздушувач за
цревото(5) повторно на преостанатото црево за
поврзување.
Ставете го овоздучувачот за црево (5) со цревото за
поврзување во фиксаторот на водилката за цревото (4).
Цревото за поврзување можете и да не го скратувате,
туку да го оставите. Притоа внимавајте на тоа дека
овоздушувачот на цревото функционира само кога е
монтиран на предвиденото место.
Поврзување на приклучното црево и кабелот
(види сликаE иK)
Порамнете го 2-полниот приклучок на дното на
контролната единица со засекот и притиснете го
приклучокот во штекерот додека не се зацврсти убаво.
Завртете ја навртката за врзување за да го зацврстите
утикачот и да спречите влегување во вода.
Ставете го универзалниот приклучок(7) на цревото за
поврзување(6) на приклучокот за црево(12) на
пумпата.
Ставање на пумпата во бурето за вода и
приклучување на цревото за наводнување
(види сликаF)
Ставете ја пумпата на монтираното црево за поврзување
да плови.
Пумпата е опремена со обезвоздушување за полесна
замена. Еден вентил го затвора воздухот кога пумпата
работи. Вентилот при мрдање на пумпата предизвикува
звук.
Закачете ја водилката за цревото на работ на бурето за
дождовница и осигурајте се дека пумпата се наоѓа во
предвидената положба.
Прицврстете едно црево за наводнување со обична
спојка за црева на приклучокот со овоздушувач за
цревото (5).
Совет: Не користете спојка за црева со автостоп, бидејќи
може да пречи на протокот.
Bosch Power Tools F 016 L94 302 | (23.07.2021)