Instructions

Table Of Contents
150 | Македонски
Примена на затвореното буре за дождовница
Пумпата може да се користи и со затворено буре за
дождовница. Во зависност од моделот, користете ги
точките за пристап до кабелот и цревата на горниот дел
од тапанот. Во некои случаи мора да исечете отвори.
Осигурајте се дека не оставате остри рабови.
Ставање на батеријата (види сликаL)
За отворање на работната единица кренете ја рачката за
заклучување нагоре и турнете го капакот на работната
единица надолу. Турнете ја батеријата одгоре на
работната единица, додека да се вглави.
Затворете го капакор и турнете ја рачката за заклучување
надолу. Пумпата може да стартува само ако работната
единица е заклучена со рачката за заклучување.
Завршување на монтажата (види сликаM)
Осигурајте се дека бурето за дождовница е затворено со
капак или слично, за да не можат во него да паднат деца
или животни.
Ракување
Ако пумпата не може да повлече вода, автоматски се
вклучува заштитата од работа на суво.
Вклучување / Исклучување (види сликаN)
За вклучување на пумпата притиснете го копчето за
вклучување / исклучување . Индикаторот за наполнетост
свети.
Индикаторот за наполнетост го покажува нивото на
наполнетост на батеријата:
ЛЕД светло Состојба на
наполнетост
Постојано зелено светло > 50%
Постојано жолто светло 50 % − 20%
Трајно црвено светло < 20%
Трепка црвено светло Празно, извадете ја
батеријата и
наполнете ја
Совет: Ако индикаторот покажува грешка во уредот,
види поглавие „Грешки - причини и помош“.
За гаснење на пумпата, притиснете го повторно копчето
за вклучување / исклучување .
Тајмер (види сликаO)
За да го активирате тајмерот, притиснете го, при
вклучена пумпа, копчето за подесување .
После едно притискање, времето на работа ќе биде 5
min. Со секое следно притиснување, времето на работа
се продолжува по 5min, до максимални 15min.
Избраното време ќе се прикаже според соодветната
сијаличка LED.
По истекот на зададеното време, пумпата автоматски се
гаси.
За да го исклучите тајмерот, притиснете го копчето за
подесување толку пати, додека се појави ознаката .
Вадење на батеријата (види сликаP)
За отворање на работната единица мрднете ја рачката за
подесување нагоре и турнете го капакот надолу.
Притиснете го копчето за подесување и повлечете ја
батеријата нагоре од работната единица. Притоа не
употребувајте сила.
Затворете го капакот за да спречите влегување на влага.
Чистење на филтерот (види сликаG)
Пумпата (11) е опремена со филтер(10) за избегнување
оштетувања за време на работата. Редовно проверувајте
и чистете го филтерот.
Повлечете го филтерот нагоре. Исчистете го филтерот во
течна вода и вратете го во пумпата.
Чистење на цревото од овоздушувачот (види
сликаI)
Ако цревото на овоздушувачот (5) е затнато, озвадете го
капачето (14) и куглата (15). Исчистете го цревото на
овоздушувачот (5) со миење под млаз вода. Вратете ја
куглата (15) назад и монтирајте го капачето (14).
Грешки - причини и помош
Пумпа за дождовница
Проблем Можна причина Помош
Светлото за грешки
трепка црвено
Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади
Светлото за грешки
трепка жолто
Активирана е заштитата од работа на суво Исклучете го уредот и ставете ја пумпата во
вода
F 016 L94 302 | (23.07.2021) Bosch Power Tools