Instruction Manual

Table Of Contents
Македонски | 137
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Менување на брусните листови
За вадење на сечилото за пила (8) подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск (11).
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (11), на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск (11) се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила (8) на долната
страна на брусниот диск (11).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила(8) да
одговараат со дупките на брусниот диск(11).
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
Екстра меки брусни дискови: соодветни за полирање и
удобно брусење и на заоблени површини
Меки брусни дискови: соодветни за сите брусења, се
поставуваат универзално
Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини
Менување на брусните дискови
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (11).
Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање.
Целосно одвртете ја завртката (10) извадете го брусниот
диск (11). Ставете го новиот брусен диск (11) и повторно
затегнете ја завртката со рака.
Напомена: Носачите се различни за Ø150-подлогите и
Ø125-подлогите. Подлогите можат да се монтираат само
на соодветен електричен алат.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се
замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
За брусење се препорачува да се приклучи електричниот
алат со всисувач. Електричниот алат нема сопствен
вентилатор; не може да се користат ќеси за прав.
Надворешно всисување
Приклучете ја цевката за всисување (опрема) директно
на цевката за издувување (3) или директно на
млазниците за издувување (4) на електричниот алат.
Напомена: Цевката за издувување(3) е изработена од
антистатички материјал. Со дополнителното користење
на антистатичко црево за издувување (опрема) се
спречува електростатичкото полнење на уредот, коешто
може да настане во ретки случаи за време на брусењето.
При работење без всисување на прав (напр. полирање)
извадете ја цевката за издувување (3). За тоа притиснете
го копчето за отклучување (15) и цевката за издувување
(3) извадете ја наназад од електричниот алат.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Дополнителна рачка
Дополнителната рачка (5) овозможува удобно ракување
и оптимална распределба на јачината, пред сè при
Bosch Power Tools 1 609 92A 4CY | (18.02.2019)