Instruction Manual

Table Of Contents
138 | Македонски
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Прицврстете ја дополнителната рачка(5) по избор десно
или лево на куќиштето во навојот (13).
За подобра контрола на електричниот алат, при брусење
се препорачува да се стави дланката предниот потпирач
за дланка. Дополнителната рачка (5) може да направи
странична сила, којашто може да предизвика тресење на
електричниот алат. Ова може да ги оштети површините за
брусење и подлогата.
Заштитен прстен
Заштитниот прстен (12) го штити брусниот диск при
брусење на делови блиску до работ. Прицврстете го
заштитниот прстен (12) од напред на електричниот алат.
За вадење, извлечете го заштитниот прстен (12) за
едниот крај нанапред.
Употреба
Ставање во употреба
u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
u Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, притиснете
Прекинувач за вклучување/исклучување (2) нанапред.
За исклучување на електричниот алат, притиснете го
Прекинувач за вклучување/исклучување (2) наназад.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
1 – 2 низок број на осцилации
3 – 4 среден број на осцилации
5 – 6 висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Избор на капацитет на отстранување на материјал
На располагање Ви стојат два режими за работа со
различен капацитет на отстранување на материјал. За
грубо брусење ставете го прекинувачот за избирање на
режим на работа (14) нанапред, а за фино брусење
ставете го прекинувачот (14) наназад додека не
слушнете да се вклопи.
u Не го менувајте режимот на работа за време на
брусењето! Постои опасност од повреда.
Режим на работа за грубо брусење (принудно
зафаќање)
Овој режим на работа со висок капацитет на
отстранување при брусењето се препорачува за
обработка на многу груби, нечувствителни површини
како и за брусење со полирање. Со принудното
зафаќање на брусниот диск се постигнува константно
ексцентрично и ротационо движење.
Режим на работа за фино брусење (слободен од)
Овој режим на работа се препорачува за третирање на
чувствителни површини, како и за фино полирање. Со
слободниот од на брусниот диск се постигнува ротационо
движење зависно од притисокот при константно
ексцентрично движење. Со промена на притисокот може
дополнително да се подеси капацитетот на отстранување.
Совети при работењето
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
u Не го оставајте електричниот алат на страна. Со тоа
може трајно да се деформира брусниот диск.
u Електричниот алат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
1 609 92A 4CY | (18.02.2019) Bosch Power Tools