User Manual

150 | Македонски
1 609 92A 2JZ | (4.8.16) Bosch Power Tools
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки (GGS 8 CE)
Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
Пред употребата, оставете ги четките најмалку една
минута во работна брзина. Внимавајте на тоа, во
овој период да нема други лица во иста линија со
четката. За време на овој период може да излетаат
олабавени жици.
Ротирачката жичана четка насочувајте ја надвор од
себе. При работа со овие четки може да одлетаат мали
честички и минијатурни парчиња жица и да навлезат во
кожата.
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
тела, како и за работење со апарати со брусна лента.
GGS 8 CE: Електричниот апарат има дополнителна намена
за четкање и полирање на метали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Затезна чаура
2 Стезна навртка
3 Вретено за брусење
4 Грло на вретеното
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
(GGS 8 CE/GGS 28 C/GGS 28CE/GGS 28 LC/
GGS 28 LCE)
6 Копче за контрола на бројот на вртежи
(GGS8CE/GGS28CE/GGS28LCE)
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Вилушкаст клуч на вретеното за брусење*
9 Вилушкаст клуч на стезната навртка*
10 Точни димензии на вратилото L
0
11 Прекинувач за вклучување/исклучување
(GGS 28 LP)
12 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(GGS 28 LP)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рамна брусилка GGS ... 8 CE 28 C 28 CE 28 LC 28 LCE 28 LP
Број на дел/артикл
3 601 ... B22 1.. B20 0.. B20 1.. B21 0.. B21 1.. B25 0..
Номинална јачина
W 750 600 650 650 650 500
Излезна моќ
W 420 350 380 380 380 280
Номинален број на вртежи
min
-1
8000 30000 30000 30000 30000 30000
Подрачје на подесување на бројот на
вртежи
min
-1
2500
– 8000
10000
– 30000
10000
–30000
макс. дијаметар на затегнувачката
чаура
мм 8 88888
Површина на клучот на
–Стезна навртка
–Вретено за брусење
мм
мм
19
13
19
19
19
19
19
13
19
13
19
13
Дијаметар на грлото на вретеното
мм 43 43 43 43 43 43
Дијаметар на грлото на вретеното
со гумено капаче
без гумено капаче
мм
мм
38
34
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
OBJ_BUCH-1269-006.book Page 150 Thursday, August 4, 2016 1:32 PM