Operation Manual

306 | Македонски
1 609 92A 2HF | (2.3.16) Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
соодветна кутија како што е оригиналното пакување одн.
заштитната чанта (опрема). Не го чувајте на пр. во пласти-
чно кесе, бидејќи испарувањата може да го оштетат сен-
зорот за влажност на воздухот и околна температура 5. Не
лепете налепници во близина на сензорот на мерниот уред.
Не го складирајте мерниот уред подолг период надвор од
границите на влажност на воздухот од 30 до 50 %. Доколку
мерниот уред се складира на превлажно или пресуво
место, може да доведе до погрешни мерења.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за
чистење или раствори.
При чистењето во мерниот уред не смее да навлезе
течност.
Особено претпазливо исчистете ги сензорот за влажност
на воздухот и околната температура 5, камерата 22,
приемната леќа 23, светлата 24 и излезните отвори на
ласерот 2:
Внимавајте да нема влакненца на камерата, приемната
леќа или излезните отвори на ласерот. Камерата,
приемната леќа и излезните отвори на ласерот чистете ги
само со средства коишто се погодни за леќи од
фотоапарати. Не се обидувајте да ја извадите
нечистотијата од сензорот, камерата или приемната ле
ќа
со остри предмети и не ги бришете камерата и приемната
леќа (опасност од гребнатини).
Во случај на поправка пратете го мерниот уред во
оригиналното пакување или заштитната чанта (опрема).
Доколку сакате нова калибрација на вашиот мерен алат,
обратете се на Сервисниот центар на Bosch (види
Сервисна служба и совети при користење“).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000
Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Мерните уреди, акумулаторот/батериите, опре-
мата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или искористените
батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт“,
cтрана 306.
При одложување, вградената батерија смее да се извади
само од страна на стручен персонал. Со отворање на
куќиштето, мерниот уред може да се уништи.
З
а да го извадите литиум-јонскиот акумулатор за резервно
напојување, најпрво извадете го акумулаторот 30 одн.
батерискиот адаптер. Извадете го заштитното стакло на
екранот и потоа полето со тастатура.
Како што е прикажано на слика-
та извадете ја U-спојката, којаш-
то ги држи заедно куќиштата.
Одвртете ги завртките на куќи-
штето и извадете го куќиштето
со спецификационата плочка.
Акумулаторот за резервно на-
појување (копчеста ќелија) се
наоѓа на платината во внатреш-
носта од куќиштето. Извадете го
од држачот и отстранете го на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
OBJ_BUCH-2270-004.book Page 306 Wednesday, March 2, 2016 3:16 PM