Operation Manual

Македонски | 139
Bosch Power Tools 1 609 92A 0K9 | (1.4.14)
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно
и без опасност да работите со мерниот
уред. Не ја оштетувајте ознаката за
предупредување на мерниот уред.
ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И
ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ
УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 15).
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексиј
а. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои
може да ја запалат правта или пареата.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за мерење на оддалеченост,
должини, висини, растојанија и за пресметување на
површини и волумени. Мерниот уред е наменет за
мерење во внатрешен и надворешен простор.
Технички податоци
Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 50 Professional
Број на дел/артикл
3 601 K72 2..
Мерно поле
0,0550 м
A)
Точност при мерењето (типична) ±1,5мм
B)
Најмала единица на приказ 1 мм
Температура при работа
1C...+5C
C)
Температура при складирање 2C...+7C
релативна влажност на воздухот макс.
90 %
Класа на ласер
2
Тип на ласер
635 nm, <1 mW
OBJ_BUCH-1444-005.book Page 139 Tuesday, April 1, 2014 10:46 AM