Operation Manual

142 | Македонски
1 609 92A 0K9 | (1.4.14) Bosch Power Tools
предниот раб на мерниот уред (напр. при мерење,
почнувајќи од еден раб на маса),
средина на навојот 14 (напр. за мерења со статив).
За избор на референтното ниво, притискајте го копчето 6,
додека не се прикаже саканото референтно ниво на
екранот. По секое вклучување на мерниот уред, задниот
раб на мерниот уред е претходно поставен како
референтно ниво.
Осветлување на екранот
Осветлувањето на екранот автоматски се активира според
осветленоста на околината. Доколку по вклучувањето на
осветлувањето на екранот не се притисне некое копче, тој
се затемнува заради заштита на батериите.
Мерни функции
Едноставно мерење на должини (види слика B)
За мерење на должини притискајте го копчето 9, додека
на екранот не се појави приказот за мерење на должини .
За вклучување на ласерот и за мерење,
кратко притиснете на копчето Мерење
2.
Измерената вредност ќе се прикаже во
редот со резултат b.
При мерење на повеќе должини едно по друго, ќе се
прикажат резултатите од последните мерења во редови
каде е прикажана измерената вредност a.
Мерење на површини (види слика C)
За мерење на површини притискајте го копчето 3, додека
на екранот не се појави приказот за
мерење на површини
.
На крај, измерете ја должината и ширината едно по друго
како кај мерењето на должини. Помеѓу двете мерења,
ласерскиот зрак останува вклучен.
По завршување на второто мерење,
површината автоматски се пресметува
и ќе се прикаже во редот со резултат b.
поединечните измерени вредности
стојат во редовите со измерени
вредности a.
Мерење на волумен (види слика D)
За мерење на волумен притискајте го копчето 3 додека на
екранот не се појави приказот .
На крај, измерете ја должината,
ширината и висината едно по друго
како кај
мерењето на должини. Помеѓу
трите мерења, ласерскиот зрак
останува вклучен.
По завршување на третото мерење,
волуменот автоматски се пресметува и
ќе се прикаже во редот со резултат b.
поединечните измерени вредности
стојат во редовите со измерени
вредности a.
Вредностите над 999999 м
3
не може да се прикажат, на
екранот се појавува „ERROR“. Волумените што треба да ги
измерите, поделете ги на попоединечни мерења, за
одделно да се пресметаат и регистрираат нивните
вредности.
Мерење на времетраење (види слика E)
При континуираното мерење, мерниот уред може
релативно да се движи кон целта, при што измерената
вредност ќе се ажурира на секои 0,5 с. Напр. може да се
оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното
растојание секогаш ќе биде читливо.
За континуирани мерења притискајте го копчето 9, додека
на екранот не се појави приказот за континуирано
мерење. За старт на континуираното
мерење, притиснете
го копчето Мерење 2.
Актуелната измерена вредност ќе се
прикаже во редот со резултат b.
Со притискање на копчето Мерење 2 го
завршувате континуираното мерење.
Последната измерена вредност ќе се
прикаже во редот со резултат b. Со одново притискање на
копчето Мерење 2 континуираното мерење започнува од
почеток.
Континуираното мерење автоматски се исклучува по
5 мин. Последната измерена вредност ќе се прикаже во
редот со резултат b.
Индиректно мерење на висини / Едноставно мерење со
користење на Питагора (види слика F)
Индиректното
мерење на висини служи за соопштување
на растојанија, кои не треба директно да се измерат,
бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна
површина како рефлектор на располагање. Точни
резултати ќе се постигнат дури откако точно ќе се задржи
бараниот прав агол при односното мерење (Питагорина
теорема).
Внимавајте на тоа, референтната точка на мерењето
(напр. задниот раб на мерниот уред) да стои точно на
истото место при сите поединечни мерења за време на
мерниот процес.
Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува
вклучен.
Притискајте го копчето
3, додека на екранот не се појави
приказот за мерење со користење на Питагора .
Како и кај должинското мерење, измерете ги линиите „1“
и „2“ по овој редослед. Внимавајте помеѓу линијата „1“ и
бараната линија „X“ да постои прав агол.
По завршување на последното мерење
ќе се прикаже резултатот за бараната
линија „X“ во редот за резултат b.
Поединечните измерени вредности
стојат во редовите со измерени
вредности a.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето 4 може да ги избришете
последно соопштените поединечни изм
ерени вредности
во сите мерни функции. Со повеќекратно притискање на
копчето ќе се избришат поединечните измерени
вредности по обратен редослед.
OBJ_BUCH-1444-005.book Page 142 Tuesday, April 1, 2014 10:46 AM