Operation Manual

316 | Македонски
1 609 92A 15S | (29.1.15) Bosch Power Tools
За фиксирање повторно притиснете ја затегнувачката
дршка 47 надолу.
при извлечена маса за пила (види слика F)
Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
листот за пилата.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката во лупата 64 не покаже на долната скала
33 cm.
За фиксирање повторно притиснете ја затегнувачката
дршка 47 надолу.
–Повлечете ја затегнувачката дршка 18 за
проширувањето на масата сосема нагоре.
Извлечете го проширувањето на масата 11 кон надвор
додека показателот на растојание 65 не го покаже
саканото растојание кон листот за пилата на горната
скала.
Притиснете ја затегнувачката дршка 18 надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширува
њето на масата.
Подесување на дополнителниот паралелен
граничник (види слика G)
При сечење на тесни парчиња и вертикални агли на
закосување мора да го монтирате дополнителниот
паралелен граничник 49 на паралелниот граничник 8.
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник 8.
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу
паралелниот граничник и листот за пилата при сечењето и
да ги зафати и исфрли листот за пилата којшто се движи
нагоре.
Затоа дополнителниот паралелен граничник наместете го
на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во
полето помеѓу предниот забец на листот за пилата и
предниот раб на клинот за расцепување.
Олабавете ги сите пеперутка-навртки и поместете го
дополнителниот паралелен граничник додека двете
предни завртки ќе служат за прицврстување.
Повторно затегнете ги пеперутка-завртките.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување 7 спречува, да листот на пилата 32
се заглавува во засекот. Во спротивно постои опасност на
повратен удар, доколку листот на пилата се закачува на
предметот за обработка.
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да биде
правилно поставен:
–Радијалниот процеп помеѓу листот на пилата и клинот за
расцепување може да биде максимално 5 mm.
Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со листот на пилата.
За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Е
лектричниот алат се испорачува со правилно поставен
клин за расцепување.
Поставка на висината на клинот за расцепување
(види слика H)
За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на
клинот за расцепување.
Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
Олабавете го затегнувачкиот лост 46.1 или завртката за
затворање 46.2, колку да може заштитната хауба 5.x да
се извлече малку од жлебот во клинот за расцепување
7.
За да ја заштитите заштитната хауба од оштетувања,
сместете ја во соодветниот држач 22 на куќиштето
(погледнете ја и сликата R1).
–Свртете ја курблата 20 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
32 се наоѓа во највизоката м
ожна позиција над столот
на пилата.
–Поместете го клинот за расцепување 7 до крај надолу.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување (види слика I1)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Преклопете го сигурносниот поклопец 21 нагоре.
За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување 66.
Исклучување (види слика I2)
Притиснете на сигурносниот поклопец 21.
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на
електричниот апарат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
З
а да може повторно да го користите електричниот
апарат, одново притиснете на зеленото копче за
вклучување 66.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре
граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
Не го користете електричниот апарат за правење
процепи (жлебови во делот што се обработува).
OBJ_BUCH-1375-003.book Page 316 Thursday, January 29, 2015 12:34 PM